сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Илиоски: На готов проект и обезбедени средства, на спремни котли во РЕК Битола за испорака на топлинска енергија, Владата две и пол години го стопира овој проект

Илиоски: На готов проект и обезбедени средства, на спремни котли во РЕК Битола за испорака на топлинска енергија, Владата две и пол години го стопира овој проект

На денешната собраниска седница пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Зоран Илиоски кажа дека владата на готов проект и обезбедени средства две и пол години од како е на власт го стопира проектот за испорака на топлинска енергија во РЕК Битола.

Дополнително Илиоски потенцираше дека владата воопшто ништо нема превземено за реализација на овој проект иако средствата се обезбедени и додаде дека не е коректно спрема граѓаните на општина Битола , Новаци и Могила за ваков однос од нивна страна.

Илиоски од собраниската говорница праша како планира владата да се бори со загадувањето кога со прст не мрда за да го реализира проектот со топлификација кој би имал најголем ефект врз намалување на загадувањето.

Пратеникот додаде дека владата на чело со СДСМ треба да си ги испрочитува ветувањата што ги дала пред граѓаните а тоа е да се бори и да го намали загадувањето и дека е срамота дека до сега ништо конкретно се нема превземено за овој проблем.

Најнови вести

Коронавирус