недела, 18. август 2019. Вести денес: 52
home Вести

Илиоски кон СДСМ: Видете каква иронија- пред нас имаме историски најголем буџет, предложен од вас

Илиоски кон СДСМ: Видете каква иронија- пред нас имаме историски најголем буџет, предложен од вас

Дискутираме за буџетот за 2019 година и пред да почнам со дискусија сакам една константација да направам- додека бевте опозиција и додека Вие министре исто така бевте вклучени во активностите околу рушењето на претходната влада, полни ви беа устите со тоа дека претходната влада носеше големи мегаломански буџети и дека тоа стопанството не може да издржи, посочи Зоран Илиоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, при заседавање на седницата во Собрание на Република Македонија.

Илиоски посочи дека ова е невидена иронија.

-Видете каква иронија, пред нас имаме историски најголем буџет, предложен од вас. Вие кои што велевте дека ние проектираме огромни буџети. Идеален буџет треба да се гледа меѓу поставениот баланс на социјалата и на развојот. Идеален буџет според мене е што поголем баланс тоа подобро за државата, појасни Илиоски.