вторник, 20. август 2019. Вести денес: 0
home Вести

Илиоски: Каде е таа Програма, врз основа на кои критериуми ќе бидат делени парите?

Илиоски: Каде е таа Програма, врз основа на кои критериуми ќе бидат делени парите?

Чисто како појаснување што се предлага да се направи со оваа точка, со овој предлог закон за дополнување на законот за извршување на буџетите, се предлага да се одвојат 50 милиони денари средства за поддршка на печатење и дистрибуција на печатени медиуми, што во принцип до овде и не е до толку што се вика страшно. Меѓутоа понатаму ако читате во предлог законот вели во претходно донесена програма во Владата на Република Македонија. По предлог на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспаренстност, појасни Зоран Илиоски на денешната собраниска седница.

Илиоски образложи дека тие како Собрание треба да дозволат на еден начин или да дадат виза да Владата врз основа на Програмата која што сама ќе си ја донесе ќе треба да се субвенционира на печатење на печатени медиуми, т.е да ги субвенционира средствата за печатење на весници, народски кажано.

-Каде е таа Програма, врз основа на кои критериуми ќе бидат делени парите? Зарем не мислите дека како пратеници тоа треба да го имаме на увид? Министерството за отчетност и транспарентност ќе ги дели парите, а не најде за сходно тоа исто министерство да ни достави на увид Програма и критериуми како ќе се делат парите. Бидејќи многу едноставно од кога ќе дадеме виза ќе ги оттгрнеме од страна парите и ќе ги алоцираме, тие лесно после тоа врз основа на Програма и критериуми кои што тие сами ќе си ја направат ќе му поделат пари на печатењето на медиумите. Ова искрено да кажам ми заличува на делењето на пари преку Фондот за иновации. Преку Фондот за иновации, замислете му се поделија пари на две печатници, иновативни печатници кои што требаше да си го модернизираат својот печатарски машини за печатење. И во тоа владата виде иновативност. Да не кажам дека тие две печатници се доста блиски со СДСМ. И тоа беше изложено на голема критика на јавноста, потсети Илиоски.