вторник, 20. август 2019. Вести денес: 72
home Вести

Илиоски: Договорот со Грција е штетен и против националните интереси на државата, а вие сакате на сила да го спроведете

Илиоски: Договорот со Грција е штетен и против националните интереси на државата, а вие сакате на сила да го спроведете

На денешната собраниска седница за нацрт амандманите имаше обраќање пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Зоран Илиоски кој кажа дека договорот со Грција е штетен и е против националните интереси на државата.

Тој истакна дека повеќе од половина од пратениците се против овој договор и дека граѓаните јасно кажале на референдум дека се против договорот со Грција.

-Треба да промени Устав и треба да си го промениме името на сопствената држава и тоа го терате без поддршка. Договорот е штетен, договорот е против националните интереси, договорот задира во секој граѓанин на оваа држава, кажа Илиоски.

Тој исто така потенцираше дека договорот со Грција кој го потпиша Владата во општеството место сплотеност донесе разделеност, и дека место политички договор сега постои огромно политичко разидување.