недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Илиоски до СДСМ: Со неформирање на Комисија за заштита на правото и слободен пристап на информации од јавен карактер докажавте дека не сте кадарни

Илиоски до СДСМ: Со неформирање на Комисија за заштита на правото и слободен пристап на информации од јавен карактер докажавте дека не сте кадарни

Зоран Илиоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија„ посочи дека Комисијата за заштита на правото и слободен пристап на информации од јавен карактер веќе година дена не работи и смешно е да се разгледува годишен извештај за работа на оваа Комисија.

Ќе разгледуваме годишен извештај за работата на Комисијата за заштита на правото и слободен пристап на информации од јавен карактер за 2018-та година. Замислете да разгледуваме извештај за Комисија која што цела година скоро не може да функционира. Бидејќи нема персонален состав. Од мај месец минатата година кога тогашниот претседател на Комисијата си даде оставка до ден денешен ние како Собрание т.е. Вие како парламентарно мнозинство не успеавте да ја комплетирате Комисијата, истакна Илиоски. Илиоски додаде дека скоро година дена не може да функционира. Три пати беше распишан оглас меѓутоа за жал парламентарното мнозинство не најде засходно дека оваа Комисија треба да биде комплетирана. Ова е уште еден доказ за она што ние го велиме дека оваа власт не е кадарна, нагласи Илиоски.

Коронавирус