вторник, 20. август 2019. Вести денес: 9
home Вести

Илиоски до СДСМ: На готови пари, на адаптирани котли во РЕК Битола две години го стопирате проектот за топлификација- Ништо не работите !

Илиоски до СДСМ: На готови пари, на адаптирани котли во РЕК Битола две години го стопирате проектот за топлификација- Ништо не работите !

На денешната собраниска седница имаше обраќање пратеникот од редовите на ВМРП ДПМНЕ. Тој кажа дека власта на готов проект на адаптирани котли во РЕК Битола две години и кусур со стопира проектот за топлификација.

Тој истакна дека доколку се реализирал овој проект граѓаните на Битола ќе можеле да ги искористат поволностите и тоа поевтини сметки за топлинска енергија и зачувување на животната средина.

Илиоски кажа дека Власта на големо се фалела дека кога ќе дојде на власт ќе го реши проблемот со загадувањето но дека ништо од тоа не се случува.
Исто така Илиоски додаден дека со нереализирањето на овој проекти власта прави директен грев врз граѓаните на Битола , Новаци и Могила.