понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 192
home Вести

Илиевски: Заев во изборни спотови велеше не можеме да бидеме држава ако не ја дознаеме вистината за Тамара, Младенов, Нешковски, Смилковско езеро, сега вели се злоупотребувал случајот со трагедијата во Тетово и глуми моралист

Илиевски: Заев во изборни спотови велеше не можеме да бидеме држава ако не ја дознаеме вистината за Тамара, Младенов, Нешковски, Смилковско езеро, сега вели се злоупотребувал случајот со трагедијата во Тетово и глуми моралист

Во денешното издание на „Само вистина“ во Канал 5 телевизија, Богдан Илиевски, во врска со вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев дека трагедијата во Тетово се злоупотребувала политички, истакна дека истиот Заев сега глуми моралист кога во 2106-та година во изборни спотови ги користеше неклофилски случаите како смртта на малечката Тамара, Никола Младенов, Мартин Нешковски и Смилковско езеро.

-Вредностите кои беа прокламирани на власт, од оние кои вас ве назначија за директор затоа што тврделе дека се нешто поразлично од другото, од она коешто го критикувале од претходно, уште во изборна кампања 2016-та година, десетици пати и во изборни спотови ги имало малечката Тамара, Никола Младенов, Мартин Нешковски, Смилковско езеро, Заев велеше, вашиот Заев не можеме да бидеме држава ако не ја дознаеме вистината за… малечката Тамара, Никола Младенов, Мартин Нешковски, Смилковско езеро итн, потенцираше Богдан Илиевски.

Тој вели дека тогаш се правело спектакл од овие случаи како и дека е дегутантно да се спомнуваат тие случаи но дека беа дел од изборна кампања е факт.

-И сега на истово столче вчера со раката на срце тој вели не можел да поверува како се злоупотребувало, никој не злоупотребува, но тврдевте дека сте белите ангели, а знаете ли што е одговорност, прашува Илиевски.
Која е таа истрага која треба да определи морални вредности, праша Илиевски.

Илиевски му се спротивстави на Зиков и истакна дека според неговите кажувања нормално било дека саботажа бил пожарот по шумите, и Бугарите коишто загинале, тоа било нормално, а не било нормално да бараш одговорност од одговорните лица за трагедијата во Тетово.

Илиевски посочи дека моралната одговорност е нужност од надлежните, а не е хистерија она што 14 луѓе изгореа живи, па посочи дека не може тие исти луѓе да се декларираат како големи моралисти, а сега испаѓа дека ако министерот за здравство си даде оставка државата ќе пропадне.

Најнови вести

Локални избори 2021