сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 1
home Вести

Илиевски: Системот е трул, а Заев, Спасовски и Нухиу се вмешани во криминал

Илиевски: Системот е трул, а Заев, Спасовски и Нухиу се вмешани во криминал

Гласноговорноста на аболицираниот Заев кој што говори дека треба да има разрешување на судството, всушност прво треба да се испитаат институциите зошто еве ниту државниот просветен инспекторат, ниту пак МВР функционира и сите се вклучени во некаков криминал, вклучително и овие високи функционер. Така што прво со нив треба да се расчисти, смета просветен инспекторат Ѓорѓи Илиевски говорејќи во денешното интервју за порталот Лидер.мк.

Илиевски додаде дека е разочаран од Антикорупциска комисија бидејќи не ги осудила мобинзите од страна на директорот на Државниот просветен инспекторат кој што е и братучед на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Јас сум разочаран од Антикорупциската комисија бидејќи требаше барем да ги осуди овие мобинзи врз мене правени од страна на директорот Државниот просветен инспекторат кој што е подржан од неговиот роднина министерот за внатрешни работи, кажа Илиевски.

Тој посочи дека Инспекцискиот совет работи спротивно од Државната комисија за спречување на корупција, укажувајќи дека таква сила се знае од каде доаѓа и тоа токму од првите луѓе спомнувајќи го Заев, Спасовски И Нухиу.

Инспекцискиот совет кој е формиран од Владата на Република Македонија оди спротивно од одлуката на Државната комисија за спречување на корупција. И таквото нешто и таквата сила се знае од каде доаѓа, се знае кои се поддржувачите, првите луѓе а тоа се Зоран Заев, Оливер Спасовски, Агим Нухуи, Али Ахмети. Значи тука имаме еден трул систем, еден криминал и корупција, рече Илиевски.

Илиевски потенцираше дека има сознанија дека министерот за образование Адеми, заменик министерот за внатрешни работи Нухиу, како и директорот на заводот за индустриска сопственост Емрули ги вратиле незаконско стекнатите средства за интелектуална сопственост, додавајќи дека со тоа си ја признале грешката.

Незаконското земање на пари од Универзитетот во Тетово од страна ан Арбр Адеми, Агим Нухиу, Сафет Емрули за интелектуални услуги ги вратиле назад. Тоа значи дека си ја признале грешката. Но, каде е моралноста, во други држави би се поднеле оставки во најмала рака.

Според него потребно е да се побара одговорност од страна на Нухиу, а не како што рече Илиевски нејасно е како може да биде назначуваат за член на комисијата за ветинг кога и тој самиот бил вмешан во криминал.

Вчера го слушам претседателот Пендаровски на телевизија дека треба да сносат одговорност политичарите, па еве го повикувам сега нека повели нека побара од аболицираниот премиер Зоран Заев, од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски нека побара неговиот заменик министер да биде разрешен од позицијата. А не владата да го назначува Нухиу да биде во комисијата за некаков си ветинг кога самиот тој е заглавен во криминал, нагласи Илиевски.

На крај Илиевски потенцираше дека не верува во домашните институции на државата, па затоа дополнително ќе ги извести меѓународните институции за мобингот кој што му се врши на работа, како и дека после 3 јануари ќе го извести новиот технички министер за внатрешни работи.

За сите овие мобинзи на работа, недавање на работа поднесов кривична пријава, но дополнително ќе ги известам и сите меѓународни институции бидејќи немам доверба во домашните институции, заврши Илиевски.

Коронавирус