понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 62
home Вести

Илиевски: ШТРАКАТАЛКИ

Илиевски: ШТРАКАТАЛКИ

Започна учебната година по еден месец задоцнување. Основците ги добија лозинките да се прилагодуваат на како што ја нарекуваат Национална платформа за учење на далечинско. Но веднаш системот падна, учениците неможат да се логираат. Реакции на родителите, нивните деца. Министерката за образование и наука убедува да бидат смирени, се било под контрола. Продолжуваат штракаталките да не убедување дека се ќе биде во ред. Навикнати се овие од Власта најчесто смирувачки само говорат дека се е под контрола. Истото го слушаме и од Министерот за здравство Филипче се е под контрола. А секојдневно ни растат броките на заболени од КОВИД 19, и за жал, починати. Нема да спомнувам броки бидејќи тие се менуваат од час на час.

Но од она што следам ние – Македонија како двамилионска држава има повеќе дупло смртни случаи од Хрватска. Не сум експерт во оваа област. Но затоа имаме експерти како професорите д-р Пановски, Даниловски, Марковски кои се ценат во Балканот и Европа, посебно овој последниот, деновиве почнуваат да го дискредитираат, да му се закануваат. Само и само, затоа што станал член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Но кај нас овие експерти се помалку слушнати и разбрани наместо да бидат вклучени во стручните тимови и да дадат свој прилог и придонес. На за жал, Филипче презема се на своја рака и некои блиски до него па ја имаме здравствената состојба таква каква што е катастрофална.

Но да се вратам на мојот терен образованието. Жалосно, 40.000 илјади дечиња и повеќе во основното образование немаат елементарни услови да учат ( тоа се званични податоци, незваничните податоци се некаде над 60 илјади деца).Тоа значи дека се без комјутери и без интернет. Со право се реакциите во јавноста, како може МОН да издвојува 40 илјади долари годишно и 150 илјади евра или долари годишно да се даваат на ќерката на Димитров и синот на Локвенец, и да каже министерката Цароска дека немаат пари да обезбедат за еден таблет од 50 евра за секој ученик. Ова е спротивно на Конвенцијата за правото на детето, која е потписник нашата држава Македонија. Каде што е најважниот интерес на децата, како и борба против дискриминација. Се чудам зошто не реагираат невладините организации во Македонија кои третираат прашања од правата на децата. Дали имаме хуманистичко образование, еднаков пристап кон сите деца во Македонија???.

Пазите ова излегуваат штракаталките на МОН со кој ги информираат родителите( небаре сме Швајцарија, Германија …) дека треба да се има интернет приклучок во секој дом на детето и дека неговиот комјутер (лаптоп) треба да биде минимум седма генерација I З процесор, на минимум 1,6 GHz или еквивалент AMD процесор, минимум 4 GB, RAMмеморија, хард дискот треба да има минимум 128 GB SSD, екранот да има минимум 1024X768 резолуција. Минимум 128 резолуција, минимум 128 МВ графичка меморија, оперативниот систем да биде Windows 8.1 или Windows10, уредот да има USB 2.0 видео камера, а истотака треба да има звучници и микрофон. Или во денари пресметано ова значи минимум 15.000 денари, а максимум над 25.000 денари за настава без проблем за едно дете. Реагираат родителите на пазарот прво нема комјутери и лаптопи по таа цена. Цените се астрономски, недостапни за џебот на обичниот граѓанин, а тоа е некаде над 70 посто во нашава Македонија. Го разбравте МОН и министерката Мила, ама повеќе е киселост за децата, родителите, наставниците.

Владата на Заев е глува, слепа и недоветна. Ова е чиста дискриминација. Нарушување достоинството на секој родител. Владата нема чувство за најдобриот интерес на детето. Тоа е давање можност на елементарни услови на учење на секое дете. Бидејќи ова Влада нема чувство за примена на Конвенцијата за правото на детето, која Конвенција е обврзувачка за државата. Барам и реагирам до Уницеф во Македонија, невладиниот сектор кои третираат прашања од областа на детските права да се одважат и да го кренат својот глас за ваквата дискриминација која постои во Македонија, а согласно Уставот на Македонија е социјална и хуманистичко општество. Ама по се изгледа само на хартија.

Само да ги потсетам штракаталкиве. Државниот завод за ревизија на Македонија, во својот извештај констатирале дека СЈО исплатило 4,5 милиони евра за додатоци на плати од 2016 до 2019 година. Да бидам појасен за оние кои значеа поим за правда СЈО стана резил на државата. Земале дополнителни средства-бонуси за ризик во работата секој обвинител, соработници, пари за синови и ќерки на судии, обвинители, директори, високи лица во МВР кои земале „скромни“ парични средства во евра. Бонуси добивале бидејќи работеле во ризик. Абре копуци едни , зарем ние инспекторите просветни, трудови, пазаришни, градежни, здравствени не работиме во ризик. Тоа за вас не важи. Ова е дискриминација што се прави во нашава држава-СРАМ. Еве читатели, кои земале пари-бонуси покрај овие недопирливи обвинители-кои се срам на Македонија. Надомест добивал братучед на Рената Дескоска „скромни“ 60 илјади евра, Арафат Муареми кој беше Директор на финансиска полиција кој за две години добил 26.000 илјади евра, па 20.000 илјади евра ќерката на директорот на затворот на Шутка, па ќерката на директор на МЕПСО (стариот), па директор на катастар , па ќерка на обвинителка на СЈО…Е мој копуци, наместо да ги вратат парите и да се покрене кривични постапки, Јавното обвинителство Рускоска молчи. А родителите и децата ќе ги омаловажуваме. Е вака во Европа неможе. Каде се моралните вредности. Дали знаете што е морал. Дали имате совесност и одговорност. Не. Ова е трулеж на системот.

На крај од заминувањето на францускиот амбасадор Кристијан Тимоние да Ве потсетам на неговата изјава:„ вие испорачајте и ние ќе ви испорачаме“. Амбасадоре Ви изразувам големо благодарам, на подршката која ми ја дававте да истрајам во мојата борба против сите притисоци кои ми се правеа од одговорните во институциите во Македонија.

Колумна на Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор

Коронавирус