понеделник, 6. декември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Илиевски: Политиката и лагите на министерката Цароска, овој образовен криминал е политички

Илиевски: Политиката и лагите на министерката Цароска, овој образовен криминал е политички

Колумна на Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор:

Политиката, односно политичката партија Беса, коалиционен партнер на СДС го повлекоа учебникот по географија за втора година од употреба, соопшти заменик министерот за образование. Тој   како што наведува  тоа е по заслуга на неговата партија. Ова се „ големи политички поени“ како што наведува заменикот министер за образование и наука.

На ова само би додал, каде е академската стручна фела да расправа за потреба од преиспитување на наекои настани од историјата, ако некој или некои бидат „навредени“ од напишаното тогаш ќе се бара учебниците или книгите да се запленат или повлечат. На што ме потсетува од читањето на историјата како во Втората светска војна  нацистите во Третиот рајх, масовно ги палеа книгите на улиците и плоштадите низ цела Германија само затоа што не се согласуваа со напишаното или ги „навредуваа“.

Нова наменска политичка комисија за повлекување на учебникот географијата

Формираната нова специјална наменска политичка комисија (формирана пред месец дена) од страна на министерот Цароска во соработка со заменикот министер за образование и наука, активист на политичката партија Беса, ја формираат оваа комисија има за цел повлекување на учебникот по географија за втора година од употреба. Наменската комисија ја сочинуваат:

1.Професор д-р Мирјанка Маџевиќ -, Институт за географија – ПМФ-Скопје, претседател на комисијата,

2.Сафет Незири-вработен во МОН,

3.Наталија Кижевска-вработена во МОН,

4.Трајче Калески, советник во БРО – Битола

5.Љиљјана Војнеска СДУ„ Ѓорѓи Димитров“ Скопје

6.Бурим Алиу-СДУ „Зефлуш Марку“-Скопје

Формираната комисија поднесува извештај до министерката Цароска. Од добиени извори, извештајот  за повлекување на учебникот географија за втора година не го потпишале: проф.д-р Мирјана Маџевиќ-претседател на комисијата, м-р Трајче Калески-БРО-Битола, Љиљјана Војнеска СДУ „Ѓорѓи Димитров“-Скопје. Додека извештајот го потпишале: Сафет Незири -МОН, Африм Саљиу- Државен просветен инспекторат, Наталија Кижевска – МОН, и Бурим Алиу-СДУ „Зефлуш Марку“.

Ова е скандал, за стручната и научната фела како партиски активисти повлекуваат учебник од употреба затоа што нешто не им одговара.  Пред неколку недели се состанаа „премиерот“ Артан Груби, министерката за образование и наука Мила Цароска и пратеникот Арбер Адеми  (поранешен министер за образование и наука, човек кој направи образовен криминал во неговото наставно-научно унапредување…) оваа тројка: „ по направени детални анализи, се договориле да се прегледаат и исправат сите неправилности во учебниците за основно и средно образование, започнувајќи од учебникот по географија за втора година средно образование, во кои некои содржини ја навредуваат албанската заедница во Македонија“.

Лагите на Цароска 

Лагата на министерката Цароска е кога вели дека: „Комисијата констатирала дека учебникот е преоптоварен со статистички и други податоци и факти кои не одговараат согласно дидактичко-методскиот пристап за возраста на децата. Исто така, во неколку наставни содржини во учебникот се нарушени начелата на неповредливост на културата,историјата и другите вредности на граѓаните на Македонија, што е спротивно на законот за учебници за основно и средно образование“.

Зошто лажете Цароска. Комисијата половината не го потпишала извештајот. Јавно нека се произнесат.Второ дали  се повикани авторите на учебникот по географија да искажат свое мислење. И она што е најважно, дали целиот учебник треба да оди во буништето или има некои настани кои треба да се преформулираат на одредени искажувања и дополнувања дека постојат повеќе теории за Албанците и нивното присуство на територијата на Македонија и Балканскиот Полуостров во определено историско време. Ова ако не се објасни на учениците во основно и средно образование, секое друго решение ќе биде политизирано и цензурирано на образовните содржини.  Поради барање на политиката, наместо научната фела  да се произнесе. Треба да се знае дека во историската наука нема апсолутни вистини и науката вели дека Албанците се проблем во историската наука и дека не постои согласност за нивното потекло.

Исто така, содржините во учебниците за гимназиско и средно стручно образование да овозможува развивање на аналитички способности и критичко размислување односно пишување без предрасуди, прикажувајќи ги праведно сите тези, со други зборови нетреба да има бришење на спорните содржини во учебниците,

На повидок е политички  хаос во учебникарството.

 

 

 

 

Коронавирус