петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Илиевски: Лагите и манипулациите на Иџет Мемети

Илиевски: Лагите и манипулациите на Иџет Мемети

Виш просветен инспектор Ѓорѓи Илиевски посочува дека Народниот правобранител  – Обдусман Иџет Мемети, со изјава на ден 19.10.2020 година, објавена на ТВ Алсат „360 степени“ во емисијата на водителот Ванчо Попетрески, изнесе низа груби лаги и манипулации со кои се обиде да му нанесе штета на заменик Народниот правобранител Јован Андоновски.

Анализата на Илиевски ја пренесуваме во продолжение:

Имено, овој манипулант Иџет Мемети, пред целата македонска јавност искажа лаги и понижувања за целиот предмет, дека: „…При изготвување на Годишен извештај утврдив дека  во предметот има тоа што не е наш мандат. Почнал да истражува (мисли на зам.народен правобранител Јован Андоновски) нешто што не е наш мандат…Додека ние водевме постапка за еден инспектор за труд (м.з. Абре трулеж не за инспектор за труд, туку за просветен инспектор- понижување и лага), тој се жалеше кај нас за ние да ја следиме дисциплинската постапка во Министерството за труд (м.з. копук не во Инспекторат за труд, туку во Државен просветен инспекторат), и тоа е наш мандат, да го штитиме него, дали ќе одлучува правилно… Господинот заменик почнал да истражува како професорите добиле дипломи, а никој не го барал тоа од него. Тоа е недозволиво. Не сум му дозволил тоа да се случи и го исфрлив од извештајот затоа што сме надвор од мандатот…“. Е, лажго Иџет Мемети (после 16 години, диригирање како Обдусман во декември му завршува мандатот на овој манипулант) да знаете јас Ѓорѓи Илиевски – виш просветен инспектор извршив редовен инспекциски надзор на Универзитетот во Тетово на Правниот Факултет и открив образовен криминал на Арбер Адеми (сега пратеник од ДУИ-тогаш министер за образование и наука), Агим Нухиу( сега заменик министер за правда,тогаш заменик министер за внатрешни работи, кадар на партијата ДУИ) и Сафет Емрули ( директор за индустриска сопственост,кадар на политичката партија на  ДУИ). Напред наведените личности, во период кога им мирува работниот однос,истите незаконито се унапредуваат во наставно-научно звање, истите склучувале интелектуални услуги и незаконито земале хонорари. Управата за финасиска полиција, го истражи случајот и констатира дека ги зеле незаконитите пари и истите ги вратиле. Подетално може да се види во мојата книга ТРУЛЕЖОТ НА СИСТЕМОТ ВО МАКЕДОНИЈА, (побарајте ја има и во електронска верзија. Мемети, ако не можете да ја најдете, ќе ви ја дадам или побарајте ја кај амбасадите во Македонија, ќе ви ја дадат).

Неможам да ве наречам господин, затоа што лажете и манипулирате  и го браните образовниот криминал. Вашиот ангажман во партијата ДУИ е ваше право. Но не е право да му се заканувате на заменикот народен правобраните Андоновски, и да му ги одземате задачите од неговата област. Тоа е знак на твоја диктатура, што недоликува на еден Обдусман. Дали ги знаете вашите задачи. ДА, ама задачите на партијата ДУИ. Во декември ви истекува мандатот и нормално е да бидете подлизурко на вашата партија ДУИ. Но за сето ова ќе бидат запознати како македонската исто така и странските институции.

Со право се реакциите на Хелшинскиот комитет во Македонија, за вашата работа а во однос на дискриминацијата, од работен однос и други човекови права.

Воедно сакам да истакнам дека ако сум од нечие постапување задоволен во врска со мојот случај, тоа е од Заменикот народен правобранител  Јован Андоновски и неговиот стручен соработник ((албанка) кои го водеа мојот предмет. Двајцата беа на висина на својата задача односно професионално и одговорно си ја извршија својата работа. Апсолутно е неточно тврдењето дека Народниот правобранител односно заменикот Андоновски проверувал дали и како лица стекнале наставни или научни звања на Тетовскиот државен универзитет. Од нив побарав да ме заштитат во делот на повреда на моите права од работен однос и да проверат дали и зошто некои државни органи не постапуваат по моите писмени обраќања, нешто што тие и го сторија. Истото го правеа и од Хелшинскиот комитет во Македонија, Транспарент Интернешнл од Македонија. Точно е тоа дека на Заменикот јавен правобранител му вршевте притисоци и заканувања. Знаеме и кој се тие. Но крајот од оваа кариера  ви дојде. За ова деновиве ќе ги известам како што нагласив сите, па и ОПСЕ.

Чувствував за потребно вака да реагирам, со цел вистината да излезе на виделина. Овој манипулатор Иџет Мемети кои преку вработените во институцијата беше запознаен со мојот случај не најде за потребно да ме прими или да помогне во случај на евидентна повреда на моите права.

Спремен сум да се соочиме на ТВ дуел. Нека се знае вистината, а не лагите Иџете.

Од декември ја „Заработивте некоја друга функција од Партијата ДУИ“. „Заслужено“.

 

ЃОРЃИ ИЛИЕВСКИ-Виш просветен инспектор

Коронавирус