сабота, 12. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Илиевски: Квази-правдата донесе стотици години затвор за неправедно осудените, а сомнежот за вистинското загрозување на Уставниот поредок остана неистражен

Илиевски: Квази-правдата донесе стотици години затвор за неправедно осудените, а сомнежот за вистинското загрозување на Уставниот поредок остана неистражен

Откривањето на вистината за случувањата на 27-ми април никогаш не може да биде целосно и комплетно, без откривање на случувањата во текот на целиот 27-ми април 2017-та, а не само по отворањето на вратите на Собранието на Република Македонија, рече Богдан Илиевски.

-На 17-ти мај 2017 поднесовме претставка пред Уставниот суд за преиспитување на уставноста на изборот на Претседател на Собранието на Република Македонија. Денес започнува петтата година во која оваа претставка фаќа слоеви прашина во нечија фиока. Битката за правна држава е очигледно саботирана од оние кои се најповикани да ја обезбедат правната држава и да го штитат Уставот. Во овие четири изминати години се изнаслушавме повици за брзи судења на обвинетите за непостоечко терористичко загрозување на Уставниот поредок. Тоа и се случи, процесите и казните беа експресни, драконски и „политички корисни“ за одредени центри на моќ и нивните агенди. Но, не чувме ниту еднаш повик од властите Уставниот суд да ја сработи работата поради која постои и да провери дали Уставот и законите беа прекршени 30-тина пати со изборот на претседател на Собранието на 27-ми април. За овие 4 години во кои нашата претставка е добро сокриена по фиоките на уставниот суд, децата кои имале 2 години на денот кога ја поднесовме, оваа есен ќе тргнат во второ одделение, Британија излезе од ЕУ, ИСИС беше уништен, во Америка имаше два импичменти, планетата влезе и излезе од карантин, Вардар двапати ја освојуваше Лигата на шампиони во ракомет, Папата ја посети Македонија, НАСА и Кина испратија ровери на Марс, а ние добивме 5 лажни датуми за почеток на преговори. Планетата Земја четири пати го обиколи Сонцето. Се тече, се’ се менува, се се движи, освен претставката за изборот на претседател на Собранието. Таа седи во фиока, прекриена со 4 прста прашина. Сето ова време, во кое имаше лов на „вештерки“ и јавни медиумски судења уште пред да почнат процесите кои завршија со парламентарни гласања „на Балкански начин“, што би рекол Јоханес Хан, истакна Илиевски.

Како што рече Илиевски, квази-правдата донесе стотици години затвор за неправедно осудените, а сомнежот за вистинското загрозување на Уставниот поредок остана неистражен, заклучен во судските фиоки од кои клуч има политичката моќ.

-И без нималку срам, главната обвинителка и претседателот на државата во телевизиски настапи зборуваат дека „ако имало прекршувања на Уставот, тоа било задача да го открие Уставниот суд, а не граѓаните“. Насилството не го оправдуваме и го осудуваме, но секое насилство, не само физичкото. Особено судското насилство кое измисли непостоечки тероризам, а ги затвори можноста да се добие правда и да се открие целата вистина за денот кога започна сето ова што денес се случува во Македонија. Ова е само уште еден доказ дека ако ја имаш моќта на власта, процесите пред судовите може да бидат само и само во твоја полза. Но, ако си обичен граѓанин кој треба да биде заштитуван од законите и судовите, правдата за огромна жал останува само еден далечен сон, мисловна именка и нереализиран идеал, потенцираше Илиевски.

Со жалење уште еднаш констатираме, на овој неславен јубилеј, дека поради политичките притисоци, правдата во Македонија е селективно слепа, додаде тој.

ЕУРО 2020

Македонија