среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 106
home Вести

Илиевски: Кацарска уште пред почетокот на судењето го прекрши начелото на пресумпција на невиност и ја осуди Гордана Јануловска

Илиевски: Кацарска уште пред почетокот на судењето го прекрши начелото на пресумпција на невиност и ја осуди Гордана Јануловска

Да ги изнесам нашите наводи поради кои бараме за утврдување на одговорност за нестручно работење на Добрила Кацарска и тоа по 3 основи, пристрасност повреда на одредбите за правично судење и повреда на судскиот кодекс односно дискриминација по основ пол и политичка припадност, изјави адвокат на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, Влатко Илиевски, по завршување на денешната седница на Судскиот совет за разрешување на судијката Добрила Кацарска.

Илиевски потенцираше дека уште пред самиот почетокот на судењето судијката Добрила Кацарска го повредило основното начело загарантирано во Кривичниот законик, пресумција на невиност, изјавувајќи дека обвинетата во случајот Тенк Гордана Јанкуловска го поттикнала Ѓоко Поповски да стори го кривично дело.

Намерата се гледа во начинот на која што ја изрече пресудата за другиот предмет кој што се одвои, за Тенк односно кажа дека Гордана Јанкуловска го поттикнала Ѓоко Поповски да го стои кривичното дело уште пред да почне судењето за Гордана Јанкуловска. Исто така тоа беше наведено и во пресудата за тој предмет со што се повреди пресумцијата на невиност загарантирана со член 2 од ЗКП, како и со член 6, став 2 од Европската комисија за човекови права и се покажа дека има основен сомнеж за да се сомневаме во пристрасноста на судијата имајќи ги во предвид и судските пресуди на Европскиот суд за човекови права кои што во вакви слични ситуации утврдиле дека има повреда. Тоа јас го искористив при излагањето што наиде на отпор бидејќи сметаа дека тоа не е содржано во првичното писмено барање, кажа тој.

На новинарското прашање кои права и биле ускратени на Јанкуловска во однос на бременоста, Илиевски додаде декае повредно уставното право на мајчинство, правото на породилно отуство како и дека за 20 дена се одржале 12 рочишта за овој предмет, како и 3 рочишта за друг предмет.

Уставното право на мајчинство, правото на породилно отсуство било ограничено исто така правото да ја подготвува одбраната и било ограничено со оглед на интензитетот на судските рочишта одржани, за 20 тина дена имаше само за овој предмет 12 рочишта и плус уште други 3 други рочишта , вели Илиевски

Тој нагласи дека и самата Комисија за спречување на дискриминација утврдила диркиминација по основ на пол и политичка припадност, како и дека нема големи очекувања од страна на Судскиот совет бидејќи како што рече тој сите знаат како функционира судскиот совет.

Комисија за спречување на дискриминација утврди дека постои дискриминација по основ на пол и политичка припадност. Немам некои очекувања знаеме сите како работи судскиот совет имавме прилика пред неколку недели да слушнеме и сегашен градоначалник како му било вршено притисок од извршната власт за да се разрешат поедини судии така да ќе оставам на времето да покаже заврши Илиевски.

Коронавирус