вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 53
home Вести

Илиевски: ДАЛИ ИМА ОБРАЗОВНА ЗЛОУПОТРЕБА СО ВЛИЈАНИЕ?

Илиевски: ДАЛИ ИМА ОБРАЗОВНА ЗЛОУПОТРЕБА СО ВЛИЈАНИЕ?

Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор објавува нова колумна со наслов: ДАЛИ ИМА ОБРАЗОВНА ЗЛОУПОТРЕБА СО ВЛИЈАНИЕ?

Неговата колумна КУРИР ја пренесува во продолжение:  

Не престануваат реакциите на многу просветни работници од основните училишта на многу општини во Македонија, како што велат се форсира образовен проект во овој Ковид период од страна на Институтот за европски образовни социо-културни и економски политики Европа за Тебе Скопје, во соработка со многу општини низ Македонија. Поконкретно кажано, парите за овој  проект ги издвојуваат градоначалниците на општините со потпишување на меморандуми за соработка со овој Институт за европски образовни…(да спомнам некои општини Крива Паланка, ајде вицепремиер Николовски за криминал нека провери, Валандово, средното медицинско училиште Панче Караѓозов, други средни  и основни училишта низ Скопје и низ Републиката).  Главен за реализација на овој образовен проект е професор д-р Татјана Стојаноска-Иванова, надворешен и главен  советник на премиерот Зоран Заев за образование и наука која прима 45.000 денари месечно ( како што ќе рече еден професор „најмалку платениот советник на Заев има поголема плата од еден професор со стаж од 38 години). И е член на органите на политичката партија СДССМ. Понатака професорите д-р Ана Фрицханд и д-р Елизабета Томевска-Илиевска, сите професори   од Филозовскиот факултет при УКИМ-Скопје.

Со Проектот меѓу другото се предвидува… „ организирање на циклуси, едукативни трибини, предавања и работилници од интерактивен карактер, летна школа со ученици, посета на музеи и компатибилни културно-историски знаменитости, со што би се афирмирале целокупните археолошки и културолошки хабитус на територијата на соодветната општина во Македонија“.

Имено, во овој нормално ненормален период на живеење од пандемијата КОВИД 19, кога секој денар е потребно рационално да се искористи за здравствени потреби,  во многу општини кубурат без здравствени возила, социјални случаеви и слично. Кога образованието  кубури со елементарни услови за изведување на настава, немање комјутери за социјални случаеви. Градоначалниците издвојуваат непотреби парични средства под влијание од повисоки органи од Владата, Министерството за образование и наука. За ова треба да одговорат премиерот Заев, вицепремиерот за криминал и корупција Николовски, Министерот за образование и наука Цароска. А  Бирото за развој на образованието, да одговорат како се планирани  Годишните планови и програми кои ги припремаат советниците. Додека Државниот просветен инспекторат, да извршат вонредни инспекциски надзори, за активностите и како и кој им дозволил да потпишуваат Меморандуми за соработа. На повидок е образовен скандал. Колку пари издвојуваат градоначалните за ова. И дали се запознати Советите на општините. Како што сум известен општина Центар го одбил овој Проект иако имало голем притисок да се прифати.

Со право многу просветни работници се незадоволни и велат можно да има образовен скандал од страна на градоначалниците кои се под влијание, како оној на Лидија Димова од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Останува да одговорат надлежните органи надлежни за образовни криминали. Како се трошат парите за образование и влијанијата на недопирливите партиски бели мечки.

На потег се институциите.

М.З. Наредното мое пишување ќе биде што се случува на приватниот ФОН универзитето во Скопје.

Коронавирус