четврток, 22. јули 2021. Вести денес: 204
home Вести

Илиевски: Бугарија нема да ги промени позициите бидејќи верува дека после Зоран Заев нема да има друг политичар со кој би можеле да ги исполнат своите “влажни” сништа

Илиевски: Бугарија нема да ги промени позициите бидејќи верува дека после Зоран Заев нема да има друг политичар со кој би можеле да ги исполнат своите “влажни” сништа

Во денешното издание на “Само вистина” на Канал 5 телевизија еден од водачите на иницијативата “За заедничка Македонија” Богдан Илиевски околу Договорот со Бугарија и ветото истакна дека станува збор за позиции на Бугарија кои не се променети.

-Како плус на ова е и тоа што Бугарија верува дека после Зоран Заев нема да има друг политичар на таа позиција со која би можеле да ги исполнат своите “влажни” сништа. Односот на високата политика на Бугарија кон македонскиот идентитет. Сите работи што се случуваат денес за мене не се изненадувачки, се шокантни но, не се изненадувачки. Уште кога се потпишуваше Преспанскиот договор, се знаеше дека ќе дојдеме до оваа позиција со Бугарија. И самиот премиер Заев кажа дека во Преспанскиот договор учествувал и Бојко Борисов и дека се борел за Македонија како за своја земја, рече Илиевски.

Ниту после изборите во Бугарија нема да има напредок за нашата држава, туку напредок ќе има за Бугарија.

-Џабе тогашната опозиција, а денешна власт обвинуваше дека поради Никола Груевски Македонија не може да влезе во Европската унија или поради автопатот “Александар Македонски” и тоа било пречка за влез во НАТО, изјави Илиевски.

Коронавирус