среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 187
home Вести

Илиевски: 31 ГОДИНА ОД ДОНЕСЕНАТА КПД

Илиевски: 31 ГОДИНА ОД ДОНЕСЕНАТА КПД

Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор пишува текст со наслов: 31 ГОДИНА ОД ДОНЕСЕНАТА КПД.

Текстот го пренесуваме во продолжение:  

Конвенцијата за правото на детето (КПД) е меѓународен документ  усвоен на Главното собрание на ООН на 20 ноември 1989 година. Овој меѓународен правен акт-закон, го ратификувале над 180 земји. Земјите потписнички кои ја ратификувале и потпишале мора да ги гарантираат правата на секое дете. Истиот е ратификуван и од Република Македонија во 1991 година. Со што со  ратификацијата и потпишаувањето на КПД, нашата држава Македонија превзема обврска  да ја спроведува и прилагодува на постојните закони во согласност на меѓународниот документ. Самата Конвенција, како што се дефинира во член 42 од КПД, е пишувана на разбирлив и достапен јазик. Конвенцијата е пишувана од возрасните, со намера да ги апострофираат децата како индивидуи кои треба да се почитуваат и да се создадат услови за непречен развој.

Евидентно е дека правата на детето во нашава држава недоволно се застапени во училиштата и наставните програми, како и во програмите на образованието на идните воспитувачи, наставници и професори, сметајќи дека се уште се во надлежност на семејството како последица на традиционалните примери на воспитание и однос кон детето во нашата култура и како општествено-транзициско, економски процеси што условило преку одредени здруженија на граѓани и фондации да се покренат делумни (пилот) истражувања, како што тоа беше случај со Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија и националното тело, кое беше формирано во Министерството за образование и наука во соработка со УНИЦЕФ.

Во каква состојба е образованието во овој период?

Несоодветниот и неажурен однос на Министерството за образование и наука, односно Владата на Македонија, голем број на ученици ќе останат без квалитетно образование, поради ненавремено организирање  на учебната година во услови на пандемија.

Имено, учебната година започна со еден месец задоцнување. Националната  платформа за учење на далечинско, многу фалена, системот веднаш падна. Учениците неможат да се логираат. Реакции на родителите, нивните деца. Министерката за образование и наука, убедува да бидат смирени „се било под контрола“. Тоа е карактеристика на ова Влада, како што се случаите од пандемијата во здравството, образованието дека „се е под контрола“. Ништо не е под контрола. Лудории. Само штракаат и лажат. Продолжуваат штракаталките да не убедуваат дека се ќе биде во ред. Навикнати се овие од Власта најчесто смирувачки само говорат дека се е под контрола. Истото го слушаме и од Министерот за здравство Филипче се е под контрола. А секојдневно ни растат броките на заболени од КОВИД 19, и за жал, починати.

Што е жалосно во образованието, 40.000 илјади дечиња и повеќе во основното образование немаат елементарни услови да учат ( тоа се званични податоци, незваничните податоци се некаде над 60 илјади деца).Тоа значи дека се без  комјутери и без интернет. Со право се реакциите во јавноста, како може МОН да издвојува 40 илјади долари годишно и 150 илјади евра или долари годишно  да се даваат на ќерката на Димитров и синот на Локвенец,  и да каже министерката Цароска дека немаат пари да обезбедат за еден таблет од 50 евра за секој ученик. Ова е спротивно на Конвенцијата за правото на детето, која е потписник нашата држава Македонија. Каде што е најважниот интерес на децата, како и борба против дискриминација. Се чудам зошто не реагираат невладините организации во Македонија кои третираат прашања од правата на децата. Дали имаме хуманистичко образование, еднаков пристап кон сите деца во Македонија???.

Се приближува крајот на првото полугодие, јавно произлегуваат сериозни проблеми во однос на пристапот да наставата е сведена на импровизации. Наставниците се оставени сами на себе и се принудени да се снаоѓаат како знаат и умеат за да им пренесат знаења на учениците.

Во повеќе училишта недостасуваат основни услови за работа, денес има ученици кои се оневозможени да следат настава, бидејќи немаат пристап до Интернет и немаат комјутери. Иако од Министерството за образование и наука велат дека учебната година се одвива во најдобар ред, односно, како што милуваат да кажат „се е под контрола“. Штракаталке лажеш, мислам на министерот  Цароска. Но практично се покажа дека наставниците и учениците се соочуваат со тешкотии коишто го доведуваат во прашање квалитетот на наставата.

Во повеќе рурални средини  во Македонија, тешко може да се добие пристап до Интернет и поради тоа наставниците и родителите сметаат дека најдобро е децата да одат на часови со физичко присуство. Но исто така, мора да се истакне дека многу рурални средини во училиштата нема вода и има полски веце.

Со  право реагираат родителите, зошто често нема Интернет или е премногу слаб. Некои родители се во тешка финансика состојба, па неможат да го плаѓаат, па родителите и нивните деца се снаоѓаат како знаат и умеат. Со наставниците се слушаат  по телефон, им даваат задачи, се објануваат, но тоа не е квалитетна настава велат наставниците.

Од МОН велат „ наставата се одвива успешно, бидејќи на ниту едно дете не му е скратено правото на образование“. Да господа од МОН. Но едно да знаете. Има дискриминација кон децата, немаат исти права, права на образование која е обврска согласно КПД и нашите национални закони.

Што е вистината за влијание врз квалитетот на образованието во услови на пандемија,а МОН и Владата не обезбедија:

  • Не се обезбедени бесплатни интернет на сите ученици и наставници,
  • Не се овозможи техничка опрема доволна за квалитетно следење на наставата за сите ученици и наставници,
  • Не се направија потребни реновирања во училиштата од хигиенски аспект,
  • Не се вложи квалитетен професионален развој на наставниците, и
  • Не се направи систематски пристап кон воведување на националната платформа за учење.

Од изнесеното можеме да согледаме и констатираме дека во Република Македонија, Конвенцијата во практиката се третира како декларација, односно „треба“, а не „мора“, како што тоа го налага Конвенцијата- во најдобар интерес на детето.

Коронавирус