вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 140
home Вести

Илиески: Заканите кон мене и моето семејство и понатаму продолжуваат, власта продолжува да го брани криминалот

Илиески: Заканите кон мене и моето семејство и понатаму продолжуваат, власта продолжува да го брани криминалот

Од 29-ти јануари сум во пензија, но продолжувам со мојата активност. Тие што беа закани од типот на имаш семејство, да внимавам бидејќи имам деца, се уште не престанаа. Странскиот фактор, амбасадорите ги информираа надлежните во Европа и сите знаат за тоа, бидејќи нашите институции воопшто не функционираат, не беа активни, сето тоа се исполитизира, почнувајќи од трудовата инспекција па управната инспекција, инспекцискиот совет, второ степените комисии дури и Државната комисија за спречување на корупција, вели Ѓорѓи Илиевски, поранешен просветен инспекторат во интервју во емисијата Што не е јасно на ТВ Алфа.

Илиевски посочи дека единствено заменик народниот правобранител Јован Андоновски му излегол во пресрет и се заложи професионално да си ја заврши својата работа.

-Единствено што излезе во пресрет и професионално си ја заврши својата работа беше заменикот Народен правобранител и неговиот соработник, онака како што треба професионално. За разлика од нив, деновиве она што го слушнав се фрапирав како народниот правобранител Изет Меџети отворено на една друга телевизија јавно говори тенденциозно и изнесува лаги. Според мене тоа е срам за еден таков човек кој 16 години е Народен правобранител да изнесува такви идиотизми. Во однос на случаите кои што ги откри Илиески, тој додаде дека за трагедијата да е поголема заменик министерот за внатрешни работи кој незаконски се унапредил и земал пари од студентите сега е именуван за заменик министер за правда, укажувајќи дека во нормални држави, за вакво нешто си поднесуваат оставка. Имавме ситуација кога во нормална држава кога ќе фатите еден министер за образование и наука и еден заменик министер за внатрешни работи, па трагедијата да е поголема овој сега е и заменик министер за правда можете да согледате за кава правда ќе станува збор кога имаме коруптивност секаде. Луѓето кои што ги земале парите, констатирано е од финансова полиција дека ги зеле парите и ги вратиле назад. Каде е одговорноста? Во нормални држави како што имаме примери, за такво нешто веднаш си поднесуваат оставки, вели Илиески.

Според него, системот е трул, а институциите не функционираат нагласувајќи дека каде и да се пожали за мобингот кој што го вршела власта врз него, добивал повратни одговори дека тој е во право, но дека им се јавуваат Заев и Спасовски, како и дека на средбата која што ја имал со Спасовски го известил за заканите од неговиот заменик министер за внатрешни работи Агим Нухиу, но дека Спасовски го убедувал дека нема ништо да му биде и оти Нухиу е фин човек.

-Имаме трул систем. Не функционираат сите институции. Каде и да појдете велат да инспекторе вие сте во право ама знаете се јави Заев, се јави Оливер Спасовски. Имав средба со Оливер Спасовски на 16 јули 2019 му велам јас еве ги материјалите, твојот заменик министер незаконски се унапредил, незаконски земал пари од студентите, ми се заканува на мене и на моите деца и тој ми вели: Нема да ти биде ништо, знаеш, тој е многу фин човек. Му велам дојдов само да ви кажам дека ми се заканува, а свесен сум дека ништо не можете да направите бидејќи негов премиер е Али Ахмети, не е Заев или ти, и тој ми вели, а што сакаш ти да ни се расипе или растури коалицијата, посочи Илиески и додаде:

„Исто такво ми кажа и Десковска кога беше министер за образование и наука кога на Универзитетот Мајка Тереза откривме незаконитости, започнат е Универзитетот без акредитација, без ништо. Значи откривме и тогаш кажа Илиевски нема да оди на надзор на Универзитетот Мајка Тереза бидејќи ќе ни ја растури коалицијата. Значи внимавајте, го бранат криминалот, образовниот криминал“.

 

Коронавирус