среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 62
home Вести

Илиески: Над 60.000 деца немаат услови за следење на онлајн настава

Илиески: Над 60.000 деца немаат услови за следење на онлајн настава

Она што е многу важно, ние не ја спроведуваме Конвенцијата, меѓународниот светски закон кој што Македонија го има ратификувано не се почитува, правата на децата, обврските на децата, рамноправноста на децата во образованието, вели пензионираниот државен просветен инспекторат Ѓорѓи Илиески во вечерашното гостување во емисијата Што не е јасно на телевизија Алфа.

Илиески вели дека иако министерката Мила Царовска се фали дека 88 проценти онлајн наставата е успешна, тоа не е така, бидејќи не 40.000 деца, туку над 60.000 деца немаат услови за онлајн настава.

-Пазете ние имаме 88 проценти успешна онлајн настава. Но, тоа не е точно, ние имаме званично 40.000 деца кои што немаат ниту компјутери, ниту интернет за следење на наставата. Но, таа бројка е поголема, односно неофицијално бројката е над 60.000 деца кои што немаат услови, и тоа не сакаат да го кажат го кријат, додаде тој.

Според Илиески државата мора да обезбеди ист третман за сите деца. Нагласи дека не може ќерката на министерот Димитров да добива 40.000 долари стипендија а другите деца да се дискриминирани.

-Државата е должна на секое дете да му даде ист третман, се за доброто на децата, а не само за доброто на дете на министерот Никола Димитров, неговата ќерка да има 40.000 долари годишно стипендија. Значи која е таа дискриминација, децата не смеат да бидат дискриминирани, но тоа за жал се случува во нашата држава, истакна Илиески.

Коронавирус