вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

ИК и ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија се наоѓа во тешка ситуација, доведена пред сè од неодговорни политичари водени од желбата за кариера и интерес

ИК и ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија се наоѓа во тешка ситуација, доведена пред сè од неодговорни политичари водени од желбата за кариера и интерес

Според ИК и ЦК на ВМРО-ДПМНЕ Република Македонија се наоѓа во многу тешка и деликатна ситуација, доведена  во таа состојба  пред се поради неодговорноста на политичари и луѓе водени од желбата за лична кариера и интерес.

Во моментов Македонија е скапоцен авион даден во рацете на адолесценти, кои го знаат својот интерес и своите потреби, ама немаат чувство да управуваат со авионот, а од тоа управување зависат многу човечки судбини. Таквата тешка позиција ја споделува секој еден граѓанин, здружение, компанија, интелектуалец, но и ние ВМРО-ДПМНЕ  како политичка партија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од вечрашната пресконференција од партијата.

Тој дополнително потенцира дека на власт е влада која нема никакви резултати, а на државата и се случува економско фијаско, при што нема напредок, а ветувањата кои ги дадода не се остварија.

-Секојдневно се случуваат силни корупциски афери, милионски тендери, државни пари кои завршуваат во џебовите на министрите и директорите. Стипендии за одбрани студенти, но не и за најдобрите, стотици илјади евра за цвеќиња, но не и пари за нова медицинска опрема, учебна година без нови учебници, но затоа тендер од 5.3 милиони евра на сомнителни фирми блиски до власта, кажа Мицкоски.

Тој дополнително кажа дека поради ваквата недемократска и клептомантска власт, многу луѓе се самоцензурираат, а  на патриотизмот почна да се гледа како на нешто лошо и тоа додека оние над 800-тини криминалци излегуваат на слобода.

-Започна лов за јавно искажан збор, па така ако не се багерите за да газат, тука е полицијата за да малтретира, или градоначалниците за да потсетат дека нешто се снима, рече Мицкоски.