недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Игрите на судот за одложување на рочиштата против Заев веќе се прочитани

Игрите на судот за одложување на рочиштата против Заев веќе се прочитани

Порталот Инфомакс уште на 15 февруари објави документ до кој дојде редакцијата, а бил испратен од кабинетот на претседателот на судот преку системот за соопштенија, од кој се гледа списокот на закажани судења за кои е потребно снимање со камери.

Во списокот на рочишта за наредниот период го немаше рочиштето на Заев. Тогаш медиумот пиша дека судот однапред знаел ( му било кажано ) дека Заев нема да присуствува на рочиштето кои било официјално најавено.

Судијата Дарко Тодоровски пак, го води процесот „Поткуп“ во кој лидерот на СДСМ е обвинет за примање на мито во висина од 200.000 евра, рочиштето беше закажано денес, 26.02.2018 година. Рано утрово јавноста беше информирана дека судењето на Заев се одлага поради патување на Заев во Лондон.

Според информациите кои излегоа во јавноста, братот на судијата Тодоровски е долгогодишен активист на СДСМ, Јордан Тодоровски, а најверојатно е и вработен како информатичар во партијата, пишува Инфомакс.

Првото рочиште за овој случај беше закажано за 25 јануари минатата година. Рочиштата на Заев се одлагаат по кој знае кој пат. Заев си поигрува со судот, па се вади на средби со амбасадори, протири во амбасади, патувања во странство и што ли уште не.

Заев е обвинет дека во улога на градоначалник на Струмица ја злоупотребил својата службена положба и наводно од локален бизнисмен барал мито од околу 160.000 евра за легализација на државно градежно земјиште.

Додека случајот беше во фаза на истрага, во јавноста се појави снимка од кабинетот на градоначалникот каде Заев зборува за наводниот поткуп. За адвокатите на градоначалникот, наводите на обвинението биле спротивни на законот. Дали ќе бараат специјалната обвинителка да го застапува и овој случај, бранителите на Заев со одговор

Наведените причини беа различни, но целта е иста – Заев да избега од обвинителна клупа.            

Коронавирус