среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 106
home Вести

Игор Спасов избегал од државата

Игор Спасов избегал од државата

Откако пред десетина дена му се изгуби трага и глас на Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешкоски, вечерва распишана е меѓународна потерница по бегалецот, информира МВР.

За Спасов првично беше распишана национална потерница, но откако не е пронајден во земјава, по него ќе се трага и надвор од државата.

-Спасов Игор, од т.Слободанчо м.Аница, роден 22.12.1978 година во Штип каде и живее, се бара со наредба ПК бр.6/18 издадена од Основен суд Штип за сторени кривични дела по чл.123 и чл.386 од КЗ на РСМ за доиздржување на казна затвор од 7 години  и 3 месеци, пишува на сајтот на МВР.

Спасов на 18-ти требаше самиот да се врати во затворот Идризово, откако му истече условниот прекин на казната, но тој не се појави. Затвореникот неколку пати добивал прекин на издржувањето на казната поради лекување.

Спасов за убиството на Нешкоски беше осуден на 14 години затвор, од кои одлежа половина. Трагичниот настан се случи при прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година.

 

Коронавирус