понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 107
home Вести

Идната недела промена на времето, повисоки дневни температури

Идната недела промена на времето, повисоки дневни температури

Стабилно време, преку ноќ студено, со ниски утрински и дневни температури во постепен пораст, најавува УХМР за следната недела.

Според УХМР; денеска попладне во западните планински подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 22 степена.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Tемпературата ќе биде до 19 степени.

Утре температурата ќе се движи од минус еден во Маврово и Берово до максимални 21 во Гевгелија.

Коронавирус