среда, 21. април 2021. Вести денес: 170
home Вести

Иако последна е нарачана, руската вакцина „Спутник V“ прва пристигнува во Македонија

Иако последна е нарачана, руската вакцина „Спутник V“ прва пристигнува во Македонија

Руската вакцина „Спутник V“ утре ќе пристигне во Македонија, и официјално ќе биде првата вакцина која што Република Македонија истата сама ја набавила.

Иако, оваа вакцина последна се нарача во дирекна комуникација со Руската Федерација, сепак во земјава прва ќе пристигне од сите други останати.

И од Министерството за здравство ја потврдија информацијата дека утре на скопскиот аеродром ќе пристигне првата пратка на руската вакцина „Спутник V“.

-Министерот за здравство д-р Венко Филипче и амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, н.е.Сергеј Баздникин, утре (07.03.2021) на меѓународниот аеродорм во Скопје ќе ја пречекаат првата пратка вакцини против Ковид 19, кои Министерството за здравство ги купи од рускиот производител Спутник В, информираат од МЗ.

Останува под знак прашалник, кога во состојба на пандемија, кога секоја земја на свој начин се бори да набави вакцина плус за својата земја, што чекале здравствените власти во Македонија?

Како за пример. во една прилика хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ ќе рече „ако е достапна вакцина би купил и од чеченската мафија“.

Курир на почетокот на месец Февруари испрати конкретно прашање до Министерството за здравство „дали МЗ заедно со владата ја разгледуваат можноста за набавка на руската вакцина „Спутник V“?, а од таму тогаш истото вешто го избегнаа и не одговорија на истото.

-Министерството за здравство во повеќе наврати досега информирало по кои механзими обезбедува вакцини против Ковид 19. Во директни преговори ја обезбедивме вакцината Фајзер и Синофарм, преку Ковакс механизмот најавено е дека првично ќе ја добиеме вакцината Астра Зенека. Сите вакцини се безбедни и направени на безбедни платформи, производителите на вакцините имаат документи од нивните национални тела, а некои од нив и од европското и американското регулаторно тело за лекови, ни одговорија тогаш МЗ, притоа воопшто во одговорот не ја спонаа руската вакцина „Спутник V“.

Најголем процент од граѓаните во Македонија сакаат да се вакцинираат со руската вакцина „Спутник В“ против Ковид-19. Станува збор токму за вакцина за која нема најава дека некогаш ќе пристигне во земјава, иако истата ѝ беше понудена на Македонија, како што потврди руската амбасада во земјава.

Според анкетата на новинската агенција „Макфакс“, на прашањето „Која вакцина би ја избрале против Ковид-19“, третина од анкетираните граѓани се определиле за руската вакцина, но голем е процентот (29,3%) и на оние кои изјавиле дека не би избрале ниту една вакцина и дека нема да се вакцинираат.

Македонија можеше да биде меѓу првите земји кои што ја набавиле руската вакцина, но за жал нашата Влада не се произнесе на предлогот на руската амбасада за директна комуникација со руските власти за набавка на истата.

Повеќе од 50 држави од светот испратија барање за набавка на над 1,2 милијарди дози од вакцината Спутник V, истакна неодамна економскиот советник во Амбасадата на Руската федерација во Македонија, Владимир Хрисанфов, притоа додавајќи дека иако на македонските власти им било понудени дирекни преговори за набавка на истата, тие повратен одговор не добиле:

-Уште на почетокот на есента и понудивме на македонската Влада да се воспостави контакт со рускиот Фонд за директни инвестиции и да се преговара за можноста за набавка на руската вакцина. Министерот за здравство Венко Филипче нѐ информираше дека лицето за контакт за ова прашање ќе биде професорката Александа Грозданова, шеф на Националниот комитет за имунизација при Министерството за здравство. На професорката Грозданова и беа дадени сите потребни податоци за контакт. Исто така и беше испратено писмо од претставникот од рускиот Фонд за директни инвестиции кое за жал остана без одговор, истакна есеноска Хрисанфов.

Исто така на социјалната мрежа на Фејсбук преку групата „Ковид-19 Искуства и совети“ спроведена беше анкета на која што мнозинството повторно се определи за за „Спутник V“. Имено на прашањето „Ако имате шанса да бирате ДАЛИ И АКО „ДА“ со која вакцина би се вакцинирале?“ најмногу одговориле дека би се вакцинираат токму со руската вакцина.

И конечно после неколку месеци, а само пред една недела нашите здравствени власти се одлучија да порачаат руска вакцина, иако истата е последна нарачана за разлика од преостанатите, сепак и официјално ќе биде првата вакцина која што пристигнала во Република Македонија, се разбира доколку се изземе она донација од Србија од 8.000 дози на компанијата „Фајзер“.

Она што останува, се ветувањата дека наскоро, односно до крајот на месец март треба да пристигнат вакцините и од останатите производители, па граѓаните се надеват дека тоа нема да биде како изминатиот месец и истите ќе пристигнат во земјата.

Коронавирус