сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 94
home Вести

И занаетчиите не видоа ништо од мерките на Заев

И занаетчиите не видоа ништо од мерките на Заев

Премиерот Зоран Заев, кого стигна се излажа. Овој пат ги излажа едни од најпогодените и од економската криза најзагрозена стопанска гранка. Занаетчиите се бунат и реагираат дека иако им беше ветена државна помош за исплата на плата за месеците октомври, ноември и декември, тие сеуште ја немаат добиено паричната помош ниту за октомври.

Од занаетчиската комора на Македонија ова го обелоденија вчера, кои што соопштија дека сè уште не е исплатена финансиската помош за плата за октомври. Од таму велат дека најголем дел од занаетчиите не се во можност сами да ја исплатат платата, а освен тоа веќе имаат потврден одговор на апликацијата што ја поднесоа за помош од државата.

– Ние како Занаетчиска комора на Република Македонија, во име на занаетчиите кои се паушално оданочени и кои се едни од најпогодените од оваа криза предизвикана од пандемијата ковид-19 би сакале да реагираме поради тоа што ветената помош од Владата, односно четвртиот сет мерки –финансиската помош за плата за октомври се уште не е исплатена на сметките на занаетчиите, се вели во соопштението од комората.
Инаку, за полесно да ја пребродат економската криза, предизвикана од корона вирусот, занаетчиите сметаа на оваа помош која засега не ја добија.

Кризата предизвикана од ковид-19 ги погоди занаетчиите до степен што тешко можат да опстанат без ветената помош од државата. Занаетчиите имаат намален обем на работа, особено во овој период така што единствен излез и решение им е помошта од државата која ќе спречи затворање на голем број занаетчиски дуќани.
Занаетчиите, исто така, сакаат навремено да им се исплати помошта за плата и за месец ноември без вакви доцнења и без опомени од УЈП. Од комората велат дека се во постојана комуникација со сите Регионални комори и информирани се дека ниту еден паушално оданочен занаетчија ја нема добиено финансиската помош од четвртиот сет мерки од Владата.

Ветувања и лаги
– Спас на работни места, кои не се само бројка, зад секое работно место стои наш граѓанин или граѓанка, кому му е неопходна помош. Ова е солидарна помош и за малите фирми, занаетчиите, самовработените, за кои помошта значи преживување на оваа криза, време во кое тие знаат дека можат да сметаат на помош на државата. Токму поради ова, мерката за поддршка за исплата на плати ќе продолжи и во последниот квартал, односно до крајот на годината за месеците октомври, ноември и декември, соопшти на крајот на септември, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Но, од последните постапки се гледа дека Владата и не е толкав голем партнер на македонските граѓани и стопанственици, затоа што веќе сме на почеток на декември месец а помошта сеуште не е стигната до оние на кои најмногу им е потребна.

Реакции
Имено, од страна на опозицијата, односно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, уште кога од власта најавија дека ќе има четврт пакет мерки за спас на економијата, реагираше при што потенцираше дека и од дотогашните три мерки, имплементирани биле само мерките кои, како што велат, служеле за предизборен поткуп а не мерки за реален спас и поддршка на стопанството и македонските граѓани.

Имено, од минатите пакет мерки кои што беа предложени да ја дадат поддршката на компаниите не ги имаа ефектите, затоа што од 550 милиони евра искористени се некаде околу 190 милиони.

Коронавирус