вторник, 11. мај 2021. Вести денес: 162
home Вести

И второто крило на БЕСА влегува во Влада

И второто крило на БЕСА влегува во Влада

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, разговарал со крилото на Беса предводено од Африм Гаши и постигнале договор за коалицирање, односно за зголемување на парламентарното мнозинство, објави Телма.

Според тоа, тројца пратеници ќе го засилат кревкото парламентарно мнозинство предводено од СДСМ и ДУИ.

Заев истовремено преговара и со крилото на Беса предводено од Билал Касами, кое пак на своја страна има двајца пратеници во Собранието на РМ.

Најверојатно СДСМ ќе мора да и отстапи едно министерско место на новата партија во владината коалиција.

Најнови вести

Коронавирус