недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 22
home Вести

И вечерва Македонија се гуши- еве каде е најзагадено (ФОТО)

И вечерва Македонија се гуши- еве каде е најзагадено (ФОТО)

Македонија се гуши и вечерва. Мерните станици за квалитет на воздухот повторно се обоија во црвено.

Во моментов најзагадено е во Струмица. ПМ 10 честичките се 150 микрограми на метар кубен.

Потоа е Ректорат со измерени 112 ПМ 10 честички, а високо ниво на загаденост е измерено и во Велес и Миладиновци.

Инаку, Град Скопје денеска информираше дека од 12 часот се укинуваат вонредните мерки како и интервентните препораки за намалување на загадувањето на воздухот што беа воведени на 27 јануари 2020 година.

Ваквата одлука на Градот предизвика револт кај граѓаните кои „удрија“ со коментари на Фејсбук објавата.

Ова се само дел од коментарите на револтираните граѓани.

Коронавирус