сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

И тие заслужуваат исти третман: Административците од ГОБ „8 септември“ излегоа на протест, бараат награда од 30 илјади денари

И тие заслужуваат исти третман: Административците од ГОБ „8 септември“ излегоа на протест, бараат награда од 30 илјади денари

Тие велат дека 195 вработени не добиле помош, а работеле со ковид пациенти. Админстративците велат дека сите што биле ковид пациенти доаѓале на шалтер и имале контакт со нив, објавува Канал 5.

Докторите и сестрите добија еднократна парична помош од 30 илјади денари на крајот од 2020 година. Од министерството за здравство објаснија дека парите се наменети од Светска Банка и се само за вработените кои биле директно во процесот на лекување на болните од Ковид 19. Парична награда добија околу 7.600 вработени, а министерот побара од директорите на ковид центрите да ги разгледаат списоците на оние кои треба да добијат награда.

Директорот д-р. Христијан Костов за Канал 5 вели дека сите вработени заслужуваат да добијат награда, зошто во изминатава година сиот персонал и медицински и немедицински покажал несебична и целосна одговорност во справување со епидемијата на корона вирусот. Според него треба да добијат награда може половична, бидејќи медицинскиот кадар кој беше директно вклучен не може да биде со истата награда.

Во оваа болница 880 вработени добија награда. Докторите и медицинските сестри реагираат исто така бидејќи работата на медицинскиот персонал и администрацијта не ни приближно иста.

Во моментов во оваа болница се лекуваат околу 80 пациенти болни од корона вирусот.

ЕУРО 2020

Македонија