петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 127
home Вести

И субвенциите за инвертери, ветени пред 9 месеци, ќе се делат предизборно

И субвенциите за инвертери, ветени пред 9 месеци, ќе се делат предизборно

По цели девет месеци откако Владата најави дека ќе дава ваучери од 1.000 евра за купување инвертер клими, од наредната недела ќе почне аплицирањето за жителите на главниот град.

Од Град Скопје информира дека од наредната недела ќе биде отворен повикот, а на него за субвенции во цела вредност на клима инвертерот, но не повеќе од 62.000 денари ќе може да аплицираат граѓани со фискални сметки од 1 јануари година.

Лани во септември, заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули го најави проектот и рече дека на граѓаните ќе им се даваат ваучери, а потоа со нив ќе можат да одат во продажните салони да купат инвертер клими.

Сега, според соопштението од Град Скопје, ваучери нема да има, туку граѓаните ќе треба прво да го купат инвертерот, да аплицираат во Град Скопје, па потоа на нивните сметки ќе им бидат вратени парите, информира „СакамДаКажам“

Најнови вести

Локални избори 2021