понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 195
home Вести

И синот на Фрчкоски стана директор во државна компанија

И синот на Фрчкоски стана директор во државна компанија

Дојде живот за уште еден син на функционер и подржувач на власта. Јон Фрчкоски, син на професорот Љубомир Данаилов Фрчкоски е поставен за помошник директор во АД за Стопанисување со станбен и деловен простор, дознава Лидер од извори во компанијата.

-Нашиот извор јавува дека платата за оваа позиција е нешто над 50.000 денари, објави порталот.

Јон Фрчкоски претходно работеше во Општина центар а на оваа позиција доаѓа на местото на Александар Стојчевски, кој до сега го водел овој сектор. Неговиот татко, познатиот професор Љубомир Фрчкоски е поранешен министер за внатрешни работи од редовите на СДСМ, кој во моментов е член на комисијата за реформи во правосудството.

Сличен скандал претходно имаше и со децата на функционерите Мирослав Грчев и Талат Џафери, кои без оглас беа вработени во државната компанија ЕЛЕМ.

Коронавирус