петок, 23. април 2021. Вести денес: 46
home Вести

И Шекеринска бара одговорност за бегството на Мијалков

И Шекеринска бара одговорност за бегството на Мијалков

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има политичка одговорност за бегството на ексдиректорот на УБК, Шекеринска рече дека не се работи само за политичка, туку и за кривична одговорност.

„Пред ова бегство ниту извршната власт ниту правосудните органи нема да затворат очи. Ова не е превид, туку очигледно дека некој од малкумината кои знаеле ја споделиле таа информација со човекот кој требаше да се соочи со правдата“, изјави Шекеринска која денеска беше на полигонот „Криволак“ со американската амбасадорка Кејт Мари Брнз.

Таа рече дека ќе се бара одговорност, кој го информирал Мијалков и му помогнал да побегне.

„Ќе бараме одговорност, бидејќи веќе прашањето не е како да се обезбедат луѓето што бегаат од правдата да се соочат со правдата, а организаторите да одговорат, туку кој го информирал Мијалков и го обезбедил неговото бегство, најави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Коронавирус