четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 169
home Вести

„И самиот Ковачевски е свесен дека не може да ја извади државата од криза, нека не го слуша Заев – Ајде да договориме датум за избори“

„И самиот Ковачевски е свесен дека не може да ја извади државата од криза, нека не го слуша Заев – Ајде да договориме датум за избори“

И самиот Ковачевски е свесен дека не може да ја извади државата од криза, нека не го слуша Заев – Ајде да договориме датум за избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Македонија се наоѓа во неколку кризи, енергетска која е предизвикана од криминалот и неспособноста на раководните лица во енергетиката и владата, економска, која е резултат на ненавременото планирање, неспособноста и криминалот.

И двете големи кризи се резултат на СДСМ и ДУИ. И тие не можат да бидат решение. Зошто не знаат, и немаат план.

Во енергетиката имаме скап гас, скапи горива, затоа што власта не го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата за 50%, поскапа струја и недостаток на домашно производство кое се компензира со екстра скап увоз.

Во економијата имаме инфлација и дуплиран јавен долг, подвлекуваатод партијата и додаваат:

„Ковачевски да не го слуша Заев, кој има интерес да помине подолг период од неговото заминување во надеж дека ќе се заборави на неговиот криминал, и да прифати предвремени парламентарни избори.

Од датумот договарање до датумот на одржување, ВМРО-ДПМНЕ нуди и 4 тима од експерти кои ќе помогнат државата да се справи со последиците од кризата.

Само со нова влада на ВМРО-ДПМНЕ водена од луѓе експерти, луѓе од народот, државата ќе излезе од кризите во кои не втурнаа СДСМ и ДУИ“.

Коронавирус