недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 106
home Вести

И претседателот Пендаровски како поранешниот премиер Заев, менува ставови кога им треба

И претседателот Пендаровски како поранешниот премиер Заев, менува ставови кога им треба

Бугарската декларација ќе биде реална политичка пречка. Тоа што ќе се случува во следниот месец и половина, според мои информации, ќе биде многу важно во однос на усвојување на преговарачката рамка со ЕУ за нашата држава. Ставот на Бугарија оди во спротивност и со европските вредности. И во Договорот меѓу Македонија и Бугарија се вели споделена историја, а не заедничка. Ако Бугарија инсистира на заедничка историја до 1944 година тогаш нема за што да преговараме, рече претседателот Стево Пендаровски на гостувањето на емисијата „360 степени“ на телевизија АлсатМ, коментирајќи ја изјавата на Бугарија која е дел од документ на ЕУ во кој станува збор за почетокот на преговори на Македонија со Брисел.

-Ако цената е да не бидеме Македонци и јазикот што го зборувам, да не биде македонски јазик и да се нарекува некако поинаку, тогаш не ни треба ЕУ. Етничката припадност е чувство дека припаѓаш некаде, не можеме ние да влеземе како некоја аморфна маса. Ако македонскиот јазик не биде 24 официјален јазик во ЕУ, тогаш што ќе ни е да сме таму, рече Пендаровски.

Темата со Бугарија се актуелизираше, освен со ЕУ документот, и по изјавата на советникот на Пендаровски, професорот Денко Малески, кој беше и прв министер за надворешни работи на Република Македонија. Малески за медиум во Бугарија говореше дека Гоце Делчев е Бугарин.
И претседателот Пендаровски минатата година во јуни на гостувањето на телевизија АлсатМ со слична изјава. За изјавата беше потсетен и од водителот на вечерашното гостување на АлсатМ.

– Неспорна историска вистина е, за сите што имаат малку познавање од тој историски период, дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин, рече Пендаровски на гостувањето на АлсатМ во јуни минатата година.

На вечерашното гостување на телевизија АлсатМ, Пендаровски укажа дека неговата изјава и тогаш била повеќеслојна.

ЕУРО 2020

Македонија