петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

И по Короната –Живот!

И по Короната –Живот!

Не е лесно во ова време на корона, за сите нас… и за стари и за млади, и за сиромашни и забогати, и за учени и за понеучени, и за политичари и за оние помалку што се плеткаат со тоа. Затоа што сите сме загрижени за здравјето за нас и своите најмили.

Но во исто време сите сме загрижени за нашата иднина, за иднината на нашите деца во време кога економски светот се соочува со најголемиот предизвик за опстанок на човештвото во секој поглед. И ние овој период живееме во страв од неизвесноста, се живее тивко како под некој облак, како во затишје пред бура.

А големината на бурата зависи од чекорите кои што ги правиме. Колку побргу реагираме и сме чекор пред короната, дотолку бурата ќе биде помала. Значи едно е сигурно, секое доцнење на здравствени и економски мерки значи губење човечки животи. А одговорноста за преземените чекори ја има власта, па оттука сите предлози и повици се до неа. Не оправдувам критика заради критика во ова тешко време и знам дека сега никој не поентира политички.

Но, исто така знам дека во овие тешки времиња сите треба да бидеме заедно, со сите свои искуства и знаења, без политички калкулации, а за жал тоа не го препознавам во политиките и досегашните чекори на власта. Корона кризата, здравствена и економска, бараше сет на мерки во двете области кој за жал доцнеа и тоа подоцна ќе има последици и во број на заболени и во економски пад. Во здравството предолго се чекаше во набавките на заштитни маски, ракавици, тестови, респиратори.

Апелот е, тестирај, тестирај, тестирај! Економските антикризни пакет мерки не само што се задоцнети, туку се и делимични, мерки без вклученост на сите чинители-стопанската комора, организација на работодавачи и синдикати. Беше добро да се слушнат нивните предлози (пр. да се опфати во пакетот и месец март зошто во овој месец ликвидноста на фирмите веќе опадна).

Но ние за жал слушнавме креирање на мерки, најави и од претседател на партија-СДСМ кој се заборави дека не е повеќе премиер, и со тоа покажа колку е се под негов диктат во водење на економијата- по примерот на некое гранапче. Во Собрание при носењето на секој буџет, при проценките на владата за приходната страна и креираните политики за капитални инвестиции, за расходната страна и планираните трошења, за остварувањето на економскиот раст, бевме уверувани дека имаат тим кој пак не уверуваше дека блескаме.

И тоа така до короната. Не критикувам туку апелирам тој тим малку да почне да слуша, да ја намали суетата. Трите сценарија од министерката кажуваат дека ке имаме кусок помеѓу 700-1.3 милијарди евра. Мислам ако пикот на кризата кај нас биде крајот на април, буџетскиот дефицит би бил 1 милијарда евра или околу 8% од БДП и ако кризата се нормализира кон крајот на јуни. Искуството што го имаат експерти во ВМРО-ДПМНЕ како и пакетот економски мерките за време на светската и должничката криза, придонесоа таа да се премости без сериозни потреси, дури и безболно.

Со тие антикризни мерки успеавме да не се намалат платите, пензиите, социјалните надоместоци, субвенциите, подршката на бизнис секторот, а немаше ни отпуштања од работа. За се во животот треба добра мисла, а за успех треба и добра мисла, но и знаење. Во економијата нема експерименти без последици, за жал кои долгорочно ќе се провлекуваат. Во време на корона кога сите држави во светот обединети во борбата си помагааат и интервенираат со парична помош за населението, со одржување на јавната потрошувачка, кај нас власта се труди да освојува политички поени во борба со опозицијата. Не, многу погрешно другари од власта, сега не е време за тоа. Сега е време за борба со Короната.

 

Лилјана Кузмановска, Дипломиран економист

Најнови вести

Коронавирус