петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

И по година дена, обука за средно медицински персонал Филипче не обезбеди, тие се препуштени сами на себе

И по година дена, обука за средно медицински персонал Филипче не обезбеди, тие се препуштени сами на себе

Министерот за здравство, Венко Филипче, според граѓаните во текот со справувањето со КОВИД кризата има енормен број на пропусти направено. Пропустите на министерот за здравство Венко Филипче резултираа со доста голем број на починати лица, и по бројот на новозаболени лица од корона вирусот.

Меѓу многуте пропусти на министерот за здравство Венко Филипче се вбројува и неподготовката на средно медицинскиот персонал кој ротира во КОВИД центрите. Тој персонал досега немал обука, оставени се сами на себе да се снаоѓаат како знаат, и што е најстрашно оставени се сами да се едуцираат за да се соочат со тежината на работата во КОВИД центрите со цел да спасат човечки животи.

Медицинска сестра од Очна клиника вели цела година сама се труди за да се снајде со пациентите.

„На нашата клиника ниту докторите не земаат стетоскоп во рака, ние сме сконцентрирани со подготовка на пациенти со очни болести, а ова е нешто сосема друго, се работи по 10 саати, а во меѓувреме сме цело време во контакт со колегите на кои им е поблиска оваа работа“, објаснува медицинска сестра од Очна клиника.

Министерот за здравство Венко Филипче ниту еднаш не ги послуша, ниту пак ги разгледа понудените решенија од страна на опозицијата. Имено опозицикста партија ВМРО-ДПМНЕ уште во февруари месец минатата година понуди сет решенија меѓу кои беше и да се подготви медицинскиот песронал и да се обучи. Но и по повеќе од година дена сепак медицинскиот кадар сам се бори за животот на секој граѓанин како знае и умее.

„Ургентно да се превземат мерки за обезбедување на соодветна опрема за персоналот и заштита (штедење на истиот) преку точно подготвен и испланиран БЕЛ ПЛАН за функционирање на здравствените институци.Голем број од здравствените организации во моментот не спроведуваат никаков план за ротации на персоналот и редукција на активноста на истиот“, истакна Игор Николов, претседател на Комисија за здравство при една од своите прес конференции во 2020-тата година.

Во една од неколкуте прес конференции одржани во периодот февруари – март 2020-та година, Игор Николов посочи –

Filifilupce4u„Неопходна е соодветна опрема за здравствените работници и обука на персонал кој ќе биде директно задолжен за лекување на пациентите кои ќе бидат позитивни за вирусот на корона“.

Коронавирус