недела, 28. февруари 2021. Вести денес: 0
home Вести

И по десет дена од скандалот за одбивањето на претставник во НАТО, се уште молк од Пендаровски и Шекеринска

И по десет дена од скандалот за одбивањето на претставник во НАТО, се уште молк од Пендаровски и Шекеринска

Скандалите на оваа власт не запираат. Власта веќе десетина дена молчи за скандалот со воениот претставник во седиштето во НАТО во Брисел кој е одбиен од страна на Алијансата. Имено кандидатот е предложен од минисерката за одбрана, Радмила Шекеринска и прифатен од претседателот, Стево Пендаровски. Но, уште позагрижувачки е што поради безбедности причини деновиве НАТО вратил уште едно лице од земјава кое било испратено и работело веќе година дена во Брисел.

ВМРО-ДПМНЕ јасно покажува дека станува збор за меѓународен и дипломатски скандал и со кој се нанесува штета на угледот на државата. Од ВМРО-ДПМНЕ побараа и министерката Шекеринска и претседателот Пендаровски да кажат дали се испочитувани процедурите за избор и упатување на лица на мисии во странство, и ако не се, зошто не се, да се произнесат кој и зошто ги прекршил процедурите? 
 
Исто така по овој скандал Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ кој всушност го обелодени и овој скандал  побара одговор на неколку прашања и оставка од министерката за одбрана Шекеринска.
 
-Дали Шекеринска знаела дека постои безбедносна пречка за лицата што ги номинирала, и ако знаела, зошто го довела во заблуда Претседателот на државата да дава согласност и да ја срами државата пред нашите сојузници?

– Дали Пендаровски ќе побара одговорност од Шекеринска, затоа што го довела во заблуда или ќе си одмолчи и релативизира?  

-Ако не е запазена процедурата за избор, зошто не е, и кој е тој, односно таа што е над процедурите за да може да одлучува по сопствено, односно партиско убедување?

-Кој ве повика да давате одговори во име на Министерството за одбрана и на Претседателот на државата? Каде почнуваат, а каде завршуваат надлежностите на партијата и каде почнуваат и каде завршуваат надлежностите на министерството?, се прашањата на кои Ковачки побара одговор од минисерката Шекеринска.
 
И покрај тоа што поминаа десетина дена од овој скандал, сепак молк од Пендаровски и Шекеринска кои се всушност главните виновници за овој скандал.
 

Коронавирус