среда, 2. декември 2020. Вести денес: 210
home Вести

И Министерството за животна средина купило телефонска централа со прислушкување

И Министерството за животна средина купило телефонска централа со прислушкување

И Министерството за животна средина и  просторно планирање претходниот месец преку јавна набавка набавило телефонска централа со можност за снимање на разговорите, објавува ТВ 21.

Тендерот во висина од 1,7 милиони денари го добила “Телеком” како компанија која понудила најниска понуда.

Договорот е склучен на 06.11.2018 година, а централата има вграден хардверски систем за снимање и прислушкување на разговори и посебен софтвер за контрола. Хард дискот е со капацитет од 90 GB.

Засега останува нејасно, кој и зошто барал во новата телефонска централа во Министерството да има и опции за снимање и прислушкување на локалните разговори.

Пред неколку дена беше обелоденето дека во Јавното обвинителство разговорите на седум судии биле снимани и прислушкувани, за што МВР отвори истрага.

Во меѓу време детална проверка на централата нарачана е и во Министерството за правда од страна на Рената Дескоска.

Коронавирус