вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

И Грк го фати срам додека го гледал Заев на БГНЕС

И Грк го фати срам додека го гледал Заев на БГНЕС

Грчки функционер на Европската Слободна Алијанса и пратеничката група во Европарламентот (EFA), Јоргос Пападакис вели дека нема зборови откако ја слушнал изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев.

„Го гледав интервјуто на БГНЕС…ОК, признавам дека мојот македонски не е толку добар за да ги најдам најпрецизните зборови но сепак без текст останав…Гнев и срамота. Толку.

Што кажа Заев?

Заев во интервју за БГ Нес: Бугарија не била фашистички окупатор – тие го ослободиле Скопје и Куманово

Бугарија не била фашистички окупатор туку некоја администрација имало. Премиерот Заев во интервју за БГ Нес вели дека Бугарите биле тие кои го ослободиле Куманово, Крива Паланка и Скопје од фашистите.

– Ние веќе заменивме повеќе од 20 табли во земјата, каде што беше напишано „бугарски фашистички окупатор“. Ова не е случај – Бугарија не е фашизам, Бугарија е наш пријател.Ова не е точно. Во тоа време, на почетокот, имаше администрација. После тоа, Бугарија се крена со антифашизам, се избори за слобода, за демократија и несомнено беше дел од антифашистичкиот фронт. Бугарските и македонските трупи ослободија територии – Крива Паланка, Куманово, целиот регион, Скопје и целиот овој дел. И ова е добар дел од нашата историја – вели Заев.

Коронавирус