сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 106
home Вести

И ЕУ е свесна дека со Заев нема реформи

И ЕУ е свесна дека со Заев нема реформи

Ако датумот за почеток на преговори за членство во ЕУ беше најавуван на секое 2-3 месеци сега има молк по тоа прашање, речиси и никој да не го споменува. Ги нема и таканаречените охрабрувачки пораки на европските претставници, што значи сите се свесни дека датумот за брзо нема Македонија да го добие.
Владата на СДСМ не ги исполни барањата на ЕУ, реформите не се спроведени особено во судството, каде се уште се носат пресуди со претходно партиски влијание. Нема стабилна економија, владее висока корупција, бројни криминални афери поврзани со владини функционери, а младите се уште својата иднина ја гледаат во странство.

Тоа се потврдува и со последното интервју на евроамбасадорот во заминување, Самуел Жбогар кој укажа дека земјата не е подготвена да го оди европскиот пат. Жбогар порача дека треба да ја доведеме државата во ред, да има владеење на правото, а младите да не мора да ја напуштаат Македонија.

– Се што сакаме да направиме, се што очекуваме е „сопствената куќа да си ја доведете во ред“. Тоа значи дека ќе обезбедите подобар живот за граѓаните, дека младите нема да бидат принудени да ја напуштаат земјата, дека се почитува владеењето на правото, дека се заштитува животната средина, дека се заштитуваат правата на граѓаните од ранливите категории… Сето тоа е европска интеграција, исто како што очекуваат и вашите граѓани. Во сите преговори за членство владеењето на правото е најзначајниот елемент. Немаме некои посебни приоритети во однос на приоритетите на вашите граѓани и би очекувал дека за граѓаните владеењето на правото, чувството за владеење на право е приоритет, чувството на еднаквост, дека сите се еднакви пред законот, најверојатно, е приоритет, рече Жбогар во неодамнешното интервју за порталот „360 степени“

Оваа изјава на евроамбасадорот Жбогар е на иста линија со ставовите на францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, чија земја особено се противи на добивање на датум без да бидат исполнети реформите.
Тимоние како еден од амбасадорите кои постојано дава изјави за медиумите постојано ја потсетува власта дека реформите се потребни и дека треба многу работа за да се заслужи отворањето на преговорите во кои мора да влеземе подготвени за истите да бидат успешни. Тој потсети дека новата методологија не значи сигурен датум, туку процес на реверзибилност.

– Не само што ја одобруваме преговарачката рамка, туку напорно работевме истата да биде усвоена. Како што знаете ние одигравме значајна улога во подготовката на новата методологија која сега се се спроведува во ЕУ. Би било контрадикторно доколку не ја поддржуваме рамката, особено што таа наше „дете“. Тоа дете го милуваме и затоа посакуваме сите одредби поврзани со владеење на правото кои го сочинуваат првиот праг од новата методологија да бидат практично спроведени. За да се постигне тоа неопходно е продолжување со реформите, а особено е значаен поимот „реверзибилност“. Тоа значи дека доколку има напредок истиот ќе биде награден, рече Тимоние во интервју во јули за „24 телевизија“

Изјавите на двајцата најважни амбасадори во Македонија ни ја укажуваат реалноста во Македонија. Тоа е дека државата со ваква влада стои во место и е многу далеку од патот кон ЕУ, односно дека судството е партизирано, економијата е катастрофална, а младите и натаму остануваат без перспектива, додека криминалот цути во Македонија.

Коронавирус