четврток, 27. јануари 2022. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

Повторно над 2.000 заболени од коронавирус во земјава

home Вести

И економскиот директор во тетовската болница Артан Етеми си поднесе оставка

И економскиот директор во тетовската болница Артан Етеми си поднесе оставка

Директорот на Клиничката болница во Тетово, Фљорин Бесими и економскиот директор Артан Етеми попладнево поднесоа оставки по пожарот во ковид центарот во кој загинаа 14 лица.

По директорот, денеска и економскиот директор Артан Етеми соопшти дека поднесува оставка од морални причини.

– Чувствувајќи ја длабоката болка од трагедијата што се случи во модуларниот центар во Тетово, каде што бев и лично присутен, од тажните слики што ги доживеав извлекувајќи ги со свои раце телата на жртвите, во својство на економски директор ја давам мојата оставка од оваа позиција од морален чин. Јас верувам на принципот дека истражните тела и меѓународно ангажираните експерти ќе ја откријат вистинската причина за тоа како настана трагедијата што се случи во модуларниот центар и која ги скрши нашите срца. Ја споделувам болката со роднините на жртвите, напиша Етеми.

Најнови вести

Коронавирус