четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 0
home Вести

И без датум, договорот од Преспа власта ќе го турка до крај

И без датум, договорот од Преспа власта ќе го турка до крај

Дадовме и повеќе од што требаше, а датум не добивме. Иако речиси во целост Македонија го имплементираше Преспанскиот договор, пред време, премиерот Заев и без датум категоричен, ќе го турка договорот од Нивици до крај.

Ќе го тргне зборот „Македонија“ од секаде, оти така предвидувал договорот, а без датум половина од договорот со Грција не треба да важи. Но не и за Заев. Тој нема намера да отстапи од внатрешна имплементација до крај.

А додека Заев инстистира да биде доследен, за Грција се уште сме дестинација „Скопје“ – вака стои на сите знаци по патиштата таму. И не само тоа. Тие сега само го заменија ФИРОМ со РОНМ- кратенката од новото име на државата. И дури ни тоа не го користат.

Ставот на Заев за целосно имплементирање на преспанскиот, вчера во своето јавно обраќање го кажа и шефот на државата Пендаровски, кој вели без разлика на се, ние мораме да ги почитуваме договорите во целост.
Се стана северно или национално многу порано од што требаше , „Северни“ институции, свидетелства, дипломи, изводи и други документи. Наскоро и „северни“ денари и „северни“ униформи за кои тендерите се веќе распишани.

„Издавањето на ваквите документи и материјали… ќе започне при отворањето на секое поглавје на релевантното поле во преговорите со Европската Унија и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш“ стои во Член 1 Став 10 од Преспанскиот Договор.

Ова буквално значи дека свидетелствата и дипломите требаше да станат „северни“ најдоцна 5 години по отворањето на поглавјето 26 кое се однесува на образованието и културата но тие се веќе сменети.

Денарите треба да ја добијат придавката по отворањето на поглавјето 17 кое ја опфаќа економската и монетарната политика, но Народната Банка веќе склучи договор за печатење нови 10 и 500 денарки со новото име.

ИЗВОР: АЛФА