среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Вести

И „БЕСА ТРАНС“ БИЛА ВЛАДИНО МИЛЕНИЧЕ? Превезувале и деца на школска и претшколска возраст

Само од Владата во изминативе две години на контото на „Беса Транс“ легнале повеќе од половина милион денари.
И „БЕСА ТРАНС“ БИЛА ВЛАДИНО МИЛЕНИЧЕ? Превезувале и деца на школска и претшколска возраст

Компанијата „Беса транс“, чиј автобус имаше сообраќајка и изгоре на атопатот Струма во Бугарија, рпи што 45 лица загинаа, од 2010 година до денес зела неколку милиони денари од државата за транспортни услуги, открива порталот Инфомакс.

Доколку направиме кратка проверка на компанијата на страницата Отворени финансии ќе видиме дека само од Владата во изминативе две години на контото на „Беса транс“ легнале повеќе од половина милион денари.

Покрај стотиците илјданици денари од Владата за „Беса транс“, огромни суми на контото на компанијата легнале од општините, односно од градоначалници и раководни кадри на ДУИ и СДСМ.

Коронавирус