понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 121
home Вести

И Апелација го ослободи Заев за „поткуп“

И Апелација го ослободи Заев за „поткуп“

Скопска Апелација ја потврди ослободителната пресуда за премиерот Зоран Заев во случајот „Поткуп“. По речиси една година откако Кривичниот суд не најде вина кај Заев за барање мито, повисокиот суд денеска на први април соопшти дека колегите од скопска единица, донеле исправна одлука.

Апелационен суд Скопје:

Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет во јавноста познат како „Поткуп“, по одржана не јавна седница, донесе пресуда со која жалбата на Обвинителството за организиран криминал и корупција ја одби како неоснована и ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1“

За потсетување Зоран Заев како градоначалник на Струмица беше обвинет дека од локален бизнисмен побарал 160 илјади евра мито за продажба на државно земјиште. На Јутјуб каналот мистериозно се појави и видео од разговорот во кабинетот на тогашниот градоначалник Зоран Заев. На 21 мај лани, Кривичен донесе ослободителна пресуда за Заев. Ваквата одлука до Апелација ја обжали обвинителството.

По одлуката на апелација преку соопштение се огласи ВМРО ДПМНЕ. Тие велат:

На денот на шегата, „Kацарска судството“ одлучи уште еднаш да се пошегува со правдата во Република Македонија и да го амнестира Зоран Заев за барање поткуп. „Кацарска судството“ го чекаше 1 април и почетокот на изборната кампања за да се пошегува со граѓаните убедувајќи ги дека тоа што го виделе на снимка, всушност не го виделе. „Кацарска судството“ ги потценува граѓаните со обидот да ги убеди дека Зоран Заев не е на снимката или дека барањето од „едно евро за црквата и едно евро за Вице-то“ не е криминално барање на поткуп.

„Кацарска судството“ со денешната одлука на апелација правосилно да го ослободи Заев, ги претвора на „Мирчо свињарникот“ и менувачницата на Вице во официјални институции за наплата на рекет и решавање на проблемите на бизнисмените.

„Кацарска судството“ не може толку да го амнестира Заев, колку што Заев е алчен и склон на криминал и корупција. Зоран Заев е единствен политичар во Европа три пати амнестиран за тежок криминал. Првиот пат за криминал тежок 8 милиони евра во случајот „Глобал“, вториот за „Пуч“ и третиот за 200 000 евра кои ги бараше како поткуп од струмички бизнисмен.

Наближува денот кога правдата ќе се врати во Македонија и секој ќе одговара за сторениот криминал или замижувањето пред криминалот и коалицирањето со криминалците, стои во соопштение од ВМРО ДПМНЕ.

Најнови вести

Коронавирус