петок, 30. септември 2022. Вести денес: 150
home Вести

И актерот Муратовски крикна против промена на името

Тој праша преку својот профил на „Фејсбук“ дали има нешто посрамно од тоа сам да се укинеш.
И актерот Муратовски крикна против промена на името

Актерот Рубенс Муратовски, како и сите патриоти во нашата држава, не можеше да остане рамнодушен на она што се случува со преговорите за името.

Тој праша преку својот профил на „Фејсбук“ дали има нешто посрамно од тоа сам да се укинеш.

„Гледате до каде нè донесоа? Нè донесоа до тоа да се плашиме за менување/губење на идентитетот и јазикот за да не ни стане болно менувањето на името кое го договориле. Треба да бидеме среќни што не попуштиле за идентитетот! И да ги славиме. Дека биле мудри. Море мрш! Името е дел од идентитетот. Јазикот. Овој сè уште неосвоен дел од Македонија е единственото делче, парче кое е наше. И на сите други кои живеат тука. Парче кое е натопено со крв и идеали на чесни луѓе. И не смееме да го смениме. Ниту буква! Ниту запирка! Немаме право на тоа. И за каков тоа референдум зборувате?!? За да го наместат? После сите ќе речат ‘сами си го сменивте’. Па има ли посрамно од тоа сам себе да се укинеш? Самозабраниш? И самото седнување на маса за разговор/преговор е срамно. Понижувачко. Затоа доста е! Јас ја сакам Македонија! Сакај ја и Ти!“, напиша Муратовски на „Фејсбук“.

Коронавирус