четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Хуртадо Мира: Ќе испратиме европска порака дека ние сакаме нов премиер, Христијан Мицкоски

Хуртадо Мира: Ќе испратиме европска порака дека ние сакаме нов премиер, Христијан Мицкоски

На дваесет и осмата годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ се обрати и Хавиер Хуртадо Мира, претседател на демократската младинска заедница на Европа.

Во продолжение интегрално Ви го пренесуваме неговото обраќање:

Се чувствувам како дома. Македонија за мене е земја која ја посетувам неколку години. Задоволство ми е денеска да присуствувам на вашиот конгрес, ви благодарам на поканата.

Знам колку е важно за Унијата на млади сили да има вакви конекции со Европа. Не треба да прифаќате никакви лекции од никого, затоа што сте вистинска европска земја. Треба да го знаете тоа и никој не треба да ви кажува.

Многу сум горд што ги гледам моите пријатели тука. Го гледам Нело тука, го гледам Тимчо, Горјан, Бојана, многу сум горд за сето тоа што го правите со нас. Знаете, долго време вашата партија е член на нашата организација. Родени сме 1964 година, конкретно да се бориме против комунизмот и знам од вашата историја дека сте биле храбри луѓе коишто се бореле против комунизмот, којшто овие денови се нарекува социјализам којшто е содржан во вашата Влада и таа игра треба да заврши што побрзо, тоа подобро.

Му носам порака на вашиот премиер, господинот Заев, и на албанската заедница во Македонија: „Треба да знаете дека вистинските демократи припаѓаат на централистичкото семејство на Европа, имаме гордо минато во коешто сме се бореле против тоталитаристичките идеологии и затоа ВМРО-ДПМНЕ е наш партнер, наш пријател и наш долготраен борец за слобода во Македонија!“

Знам и колку е комплициран системот за гласање и знам дека во некои општини се противат да имаат вистински цензус од населението, и сето ова го знаеме во Брисел и во Стразбург и нема да дозволиме ова да продолжи да се случува во Македонија која треба да биде вистинска демократска земја водена од ВМРО-ДПМНЕ под лидерство на Христијан! Од тебе! Христијан, ти си нашиот лидер! И сакаме да дојдеш во Брисел по предвремените избори како нов премиер на Македонија и да ја внесеш Македонија во Европската Унија. Ти си нашиот народ, ти си нашиот премиер, ти си нашиот лидер!

Во нашето демократско семејство, ние сме политичко семејство, многу сме горди на нашите членови. Вие сте една од најсилните членки, посебно во Балканскиот регион. За нас е многу важно да го комплетирате европскиот процес, а тоа значи дека еден ден, колку побрзо толку подобро како што реков, ќе станете дел од европското семејство. Ни требаат конзервативците, ни требаат демохристијаните од Макеоднија, ни требаат класичните либерални луѓе да дојдат во Брисел, да дојдат во Стразбург, да кажат тоа што треба и го кажат на Европа. Како сте уште горди и сакате да ја зачувате Христијанската култура на ваква земја. Се соочуваме со многу интернационални напади, јас сум глобалист, но истовремено сум и патриот, а разликата помеѓу социјалист и конзервативец е во тоа што ние конзервативците си го сакаме нашиот народ, ние конзервативците си ги сакаме нациите.

Како што гледате, има голема разлика и во вашата земја помеѓу двете знамиња на двете најголеми политички партии. Центардесничарската, вашата, со прекрасниот лав и социјалистите, тие имаат тупаница или претходно, комунистичката ѕвезда на нивното знаме. Тие не можат вистински да и бидат пријатели на слободата. Имаат проблем со слободата, сакаат да ни кажуваат како да живееме, како да гласаме и како да владееме со земјата. Но, има еден голем проблем, секогаш кога владеат ја уништуваат нашата економија, ги поделуваат нашите семејства, не ги застапуваат нашите национални интереси во Европа и во глобалниот свет. Тоа е голем проблем и затоа треба ВМРО-ДПМНЕ да се врати на власт и да ги имплементира вистинските политики и да ги смири нашите семејства, да има вистинска економија и да ги запре младите луѓе да ја напуштаат земјата. Сакаме младите од Макеоднија да одат надвор, да, но сакаме најдобрите луѓе од вашата земја да бидат во ВМРО-ДПМНЕ и на да водат оваа прекрасна земја за доброто на сите.

Јован, имаш многу добри претходници, Нело, мојот пријател Лука, знам дека имаш голема обврска да ги обединиш семејствата, знам што се случи на вашето семејство, а поделбите во централистичките семејства секогаш биле проблем за да се вратат пак на власт. Затоа, те повикувам тебе и Христијан, ја имате европската поддршка, ако сме ние мостот за вашите луѓе, за поранешните членови, ако можеме да ви помогнеме да си го најдете семејството и да се  вратите на власт, ќе бидеме среќни да застанеме со вас, блиску до вас и секогаш со вас.

Како што споменав, меѓународните сили се обидуваат да се борат против некои суверености, особено во европските земји. Тоа е случајот со вашата претходна Влада, тоа е случајот со нашиот пријател, господинот Орбан, во Унгарија, тоа е исто така случај и во Словенија, со конзервативната партија. Затоа е многу важно, вашето семејство Христијан, ВМРО-ДПМНЕ, да припаѓа во EПП. Исто така, сме многу среќни што имаме членови од EЦР, европската конзервативна група, да имаме многу добро сојузништво со САД, со конзервативната партија во Британија, со полската влада и многу други.

Исто така, многу сме среќни што градиме мостови со нашето соседство, вклучувајќи ја и Русија, Ирак, со Христијаните кои се процесуирани во Сирија и Ирак, многу е важно да имаат европски партенр во кој може да веруваат дека ние стоиме позади нивните интереси, вредности, за нашите заеднички принципи.

Ќе се вратам на лавот којшто толку многу го сакам на вашето знаме. Лавот, спие околу 20 часа на ден и како добар Шпанец можам да се идентификувам со него. Но, не е точно така. Знаете, лавовите се собираат во т.н. крда. Знам дека сте многу горд народ и многу ве почитувам поради тоа, а гордоста е еден од главните принципи за вредност на централистичкото семејство. Затоа што како што кажавте Христијан, сакаме европска интеграција на Македонија и сакаме да сме во добри односи со нашите соседи, но тоа ќе биде само со почит кон Македонија, а вие сте горд народ којшто мора да биде почитуван насекаде.

Затоа мои драги лавови, мои драги членови на УМС, ќе имате ретко, убаво и долго партнерство во историјата, ќе застанеме блиску до вас во секое време, се надевам кога ќе бидат изборите ќе испратиме европска порака дека ние сакаме нов премиер, под водство на Христијан Мицкоски, се надевам дека ја донесовме таа порака денеска. Имаме конгрес на Европската Народна Партија наредната недела во Загреб, ќе бидам таму со некои од вас, мислам дека е голема можност да му ја покажеме нашата поврзаност и заеднички гледишта и нашата сила на централистичкото семејство кое ќе номинира нови членови таму и ново лидерство, за да им биде јасно дека младите луѓе од ВМРО-ДПМНЕ под водство на мојот пријател Јован, имате голема обврска за европскиот случај. Многу е убаво да се види дека европското знаме е тука и не придружува, затоа што како што ви кажав, никој не треба да ви кажува дека сте европска земја, дека сте чисто европска земја и сето она што треба да го имате е вистинска стратегија, да се грижите за вашите членови кои ги има толку многу денеска овде, прекрасна слика. И сигурен сум дека социјалистите коишто се до нас, ќе не слушнат и ќе бидат сигурни дека времето им помина. Мораме да кажеме: „Господине Заев, играта заврши.“

Со тоа е и мојата конечна порака до моите драги пријатели, останете силни, бидете лавови какви што сте, успешни сте на социјалните медуми, имате прекрасни жени, толку паметни, тие се најдобрите амбасадори на вашата партија во странство,  верувајте ми. Сигурен сум дека христијанските вредности ќе се издигнат пак во Македонија. Сигурен сум дека некои од етничките проблеми што постојат во земјата ќе бидат решени под лидерство и ќе се заложам да им кажам на моите албански пријатели: „Ако навистина се грижите за традицијата, за вашите конзервативни вредности, лидерот којшто треба да го гласате не е етнички лидер, тоа е лидер кој е вистински конзервативен лидер, кој го претставува вашето семејство, не поради вашата кожа, религија, туку поради вашите принципи, и  овој лидер се вика Христијан Мицкоски.

Ви благодарам многу, задоволство е да се вратам тука и да ја посетувам вашата земја скоро секоја година во последните 10 години, навистина се чувствувам како дома. Вие сте вистинско христијанско демократско семејство коешто ни ги топли срцата. Бидете такви, не се менувајте, држете го вашиот дигнитет високо, вашата гордост повисоко и вашето пријателство со мене, со ДЕМЅЦ и со нашето европско семејство нека биде поцврство од било кога.

Господ да ве благослови, Господ да ја благослови Македонија, ви благодарам.