среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Вести

Хуманоста на доктор Боро Илиев

За негова среќа, дознал дека доктор Илиев исто така го користи својот одмор во близина, па Вељаноски решил да го побара, но не се надевал дека докторот толку брзо може да му излезе во пресрет, бидејќи не биле блиски од претходно.
Хуманоста на доктор Боро Илиев

Познатиот македонски доктор Борислав Илиев, специјалист по ортопедија, ја покажа својата хуманост на дело, сведочи за КУРИР граѓанин кој професионалноста на доктор Илиев ја почуствувал откако се соочил со тешка повреда за време на летниот одмор.

Имено, Ивица Вељаноски се здобил со повреда на коленото на првиот ден од својот одмор. Повредата била толку тешка што Вељаноски воопшто не можел да згази со ногата. За негова среќа, дознал дека доктор Илиев исто така го користи својот одмор во близина, па Вељаноски решил да го побара, но не се надевал дека докторот толку брзо може да му излезе во пресрет, бидејќи не биле блиски од претходно.

-Го изместив коленото на првиот ден од одморот и воопшто не можев да згазам. Му се јавив на докторот, иако не сме блиски и ми рече да отидам на местото каде што тој е на одмор, кое е оддалечено околу 100 километри од моето место. Без никакви барања, доктор Илиев испадна фер и ме викна кај него за да се обиде да го одблокира коленото. После 40 минути успеа да ми го врати коленото и да одам без никаков проблем, раскажува Вељаноски за хуманоста на докторот- специјалист по ортопедија.

Вељаноски додава дека доктор Илиев испаднал голем човек и јавно му се заблагодарува.

Доктор Боро Илиев речиси 20 години е специјалист по ортопедија, откако во 1993 година дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје. Во своето богато работно искуство, доктор Илиев од 1997 до 2007-ма година работел на Клиниката за Ортопедски болести, од 2007 до 2018-та година во ПЗО РЕ-МЕДИКА, додека од минатата година е дел од тимот на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ при Одделот за ортопедија и трауматологија.

Во 2017-та година, доктор Илиев е добитник на наградата „13 Ноември“.

Коронавирус