понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 17
home Вести

Хуманост во најтешки моменти: За една година трансплантирани четири срца и 10 бубрези

Хуманост во најтешки моменти: За една година трансплантирани четири срца и 10 бубрези

Најмалку три животи ќе бидат спасени со органите на 44 годишната жена кај која вчера била дијагностицирана мозочна смрт.

Медицинските тимови во период од 24 часа направија експлантација и трансплантација на повеќе органи. Од Министерството за здравство информираат дека завршена е трансплатацијата на срце, а во тек се двете трансплантации на бубрег од починат донор. Нова шанса ќе добијат двајца пациенти на возраст од 30 и 23 години кои подолго време се на дијализа.

Според податоците од Министерсвото во изминатата една година во земјава се направени пет трансплантации од починат донор и притоа се трансплантирани четири срца и 10 бубрези. Направена е и прва експлантација и трансплантација на коски и коскени ткива.

-Најголема благодарност за семејството за 44 годишната жена која ноќва спаси најмалку три животи. Благодарност до нејзиниот сопруг, нејзините деца и најблиското семејство. Тие покажаа што значи хуманост во најтешки моменти, велат од Министерството.

ЕУРО 2020

Македонија