понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Хуманитарна помош за настраданите од земјотресот во Албанија и од „Свети Спас“

Хуманитарна помош за настраданите од земјотресот во Албанија и од „Свети Спас“

Хуманитарната организација на скопската православна епархија при МПЦ – ОА „Свети Спас”, формирана со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, се вклучи во хуманитарна активност за помош за настраданите во од катастрофалниот земјотрес во Албанија.

– Утре во 07:00 часот наутро, претставници на организацијата ќе го посетат Драч, каде ќе бидат пречекани од свештеникот на Албанска православна афтокефална црква отец Илија Мазнику, Македонец по потекло од Голо Брдо. Заедно тие ќе ја распределат помошта собрана од Хуманитарната организација на скопската православна епархија при МПЦ- ОА „Свети Спас”, пренесува елекронското издание на еднственот весник на македонски јазик во Албанија – „Илинден“.

Според истиот извор, помошта за настраданите од катастрофалниот земјотрес се состои во млеко, паштети, месен нарезок, памперси, влажни марамчња, јоргани, прекривачи, палента, сјај и шампон, јакни, патики стартки, детски чорапи, ќебиња и разни прехрамбени производи.

Тие се донација на неколку компании и поединци.

Во меѓувреме тиранската телевизија јави дека македонски државјанин од албанска националност денеска донирал поголема количина ќебиња, што им е најпотребно поради многу студеното време.

-Помагам од срце. Никому да не му се случи ваква трагедија, но кога ќе дојде треба да помагаме, независно каде се случува, тоа е човечки, рекол донаторот. (МИА)

Коронавирус