понеделник, 19. април 2021. Вести денес: 174
home Вести

Хуманитарна акција „Да споделиме радост“ во организација на Црвен крст и ЕВН Македонија

Хуманитарна акција „Да споделиме радост“ во организација на Црвен крст и ЕВН Македонија

Над 500 деца денеска беа дел од хуманитарната акција „Да споделиме радост“ што ја организираа Црвениот крст на Република Македонија и ЕВН Македонија по повод новогодишните празници.

– Новата година е асоцијација на весела атмосфера, подароци, семејни собири. За жал, не сите деца можат еднакво да го почувствуваат новогодишното расположение. Затоа, компаниите партнери на Црвениот крст, се обидуваме да насмееме и израдуваме што повеќе дечиња достоинствено да ја пречекаат новата година. Сакаме радоста и убавите мигови да им бидат секојдневни. На сите деца им посакувам добро здравје, среќа и радост, рече Ленче Карпузовска, менаџерка за комуникации во ЕВН Македонија.

Сузана  Тунева Пауновска, секретар на Црвениот Крст на Град Скопје рече дека во пресрет на новогодишните празници, поттикнуваат хуманост и солидарност кон оние на кои помошта и поддршката им е повеќе од потребна.

– Во оваа насока е и вниманието кое го посветуваме кон најмладите, кои пак посебно се радуваат на подароци и пакетчиња во празничните денови. Денешниот настан и поддршката која Црвениот крст ја добива од ЕВН Македонија, се само уште еден показател и позитивен пример за грижа кон ранливите категории во заедницата. За нас во Црвениот крст е особено важно да подадеме рака секогаш и секаде кога е потребно, да помогнеме, но и да ги истакнеме позитивните примери кои мотивираат. Само со меѓусебна поддршка може да ги ублажиме потребите на социјално исклучените лица, лица со посебни потреби, рече Тунева Пауновска.

Хуманитарната акција се спроведува во повеќе градови во земјава.

Новогодишни изненадувања ЕВН Македонија подготви и за најмалите од општина Арачиново и за штитениците од Заводот за рехабилитација на деца и младинци од Бутел.

Коронавирус