сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 10
home Вести

Хумана акција на комисијата за спорт на ВМРО-ДПМНЕ и ОК Гази Баба- му подарија спортска опрема на младиот фудбалер Стефан (ФОТО)

Хумана акција на комисијата за спорт на ВМРО-ДПМНЕ и ОК Гази Баба- му подарија спортска опрема на младиот фудбалер Стефан (ФОТО)

Денеска еден од нашите најдобри репрезентативци во ракомет и еден од нашите најголеми спортски амбасадори во поновата македонска историја, воедно и претседател на Републичката комисија за спорт на ВМРО-ДПМНЕ, Борко Ристовски со дел од комисијата Игор Кралевски и Лазар Поповски беа во хумана мисија.

Станува збор за соработка на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба и претседателот на истиот Боби Стефковски и спортската комисија на ВМРО-ДПМНЕ кои се сретнаа со младиот и талентиран спортист Стефан и му подарија спортска опрема за да може безгрижно да се посвети на фудбалот.

Тие преку разговор со младиот фудбалер му изразија и целосна поддршка и охрабрување да не застане тука, туку да биде нашата гордост која ќе ја претставува Македонија на големите натпревари.

Коронавирус