сабота, 12. јуни 2021. Вести денес: 2
home Вести

Заев си ја зацврсти позицијата со кадрите кои донесоа 60 илјади невработени и над 5.200 починати од Ковид-19

Заев си ја зацврсти позицијата со кадрите кои донесоа 60 илјади невработени и над 5.200 починати од Ковид-19

Со изборот на Соња Лукаревска и Венко Филипче за заменик претседател на СДСМ, односно за потпретседател на партијата, Зоран Заев всушност не направи никакви промени, туку си ја зацврсти својата позиција во истата.

Имено, граѓаните најмногу се жалат токму на две криупни работи кои што се случуваат во државата, односно на лошата економија и катастрофалната состојба во здравството.

Токму, овие кадри кои што се избор на Зоран Заев а во изминатиот период се на клучни државни позици во изминатиот период не придонесоа во корист на граѓаните.

Венко Филипче како министер за здравство, не успеа да ја изменаџира состојбата со коронавирусот во Македонија, и епилогот од истата е над 5.200 починати лица и на вкупно заразени до овој момент 154.698, со што ја прави Македонија црна дупка во цела Европа, но и во светот. Филиче исто така не успеа наврема да набави и вакцини, и по овие бројки Македонија е на самото дно. Од таа причина Филипче не претставува нов кадар и истиот ќе биде запамнетн како најлош министер за здравство од самото постоење на Република Македонија.

Од друга страна Соња Лукаревска е само продолжена рака на Зоран Заев. Актуелната директорка на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска е изгласана за втора заменик-претседателка на СДСМ, откако Радмила Шекеринска најави повлекување. Спореди информациите со 682 гласа „за“ и два „против“, Лукаревска беше избрана на денешниот 26. конгрес на партијата.

Од денешниот избор на 26-от конгрес на СДСМ на Сања Лукаревска за заменик-претседателк на партијата моожи да се заклучи дека Зоран Заев на високи и клучни партиски позици поставува негови блиски и послушни луѓе, односно во случајов Лукаревска е само продолжена рака на Заев.

Инаку, Сања Лукаревска беше дел од економскиот тим на СДСМ и Зоран Заев во чие време на улица остана над 60 илјади работници, а уништени беа и стотици бизниси за кои што не беше доволна финансиската помош од страна на државата.

Додека владата на чело со премерот Зоран Заев се задолжува две милијарди евра, кај стопанството завршија само 350 милиони евра од овие пари, и од тие причини дојде до пропас на многу фирми, а од друга страна пак како најголеми должници кон државата на ДДВ се јавуваат токму фирмите на Заеви, а истите се толерирани од институците на државата, особено од страна на УЈП, токму со институцијата со која раководи ново избранат потпретседателка на СДСМ Сања Лукаревска.

ЕУРО 2020

Македонија